Почетна » Забава » Видео » „Тоа што ти сум мајка ме прави најсреќната личност на светот“: Видео кое ќе ги разнежни мајките

„Тоа што ти сум мајка ме прави најсреќната личност на светот“: Видео кое ќе ги разнежни мајките

Заглавени во брзото секојдневие со илјадници обврски, родителите понекогаш забораваат колкави среќници се што го имаат тој живот.

По тој повод, Motherly создаде емотивно видео кое ќе ги потсети мајките да го ценат секој момент поминат со своето дете.

Понекогаш заборавам колкава среќничка сум што ти сум мајка и што го имам овој живот.

Заборавам на тоа кога ќе ме будиш прерано наутро и кога го бараш целото мое внимание.

Заборавам на тоа кога ми кажуваш приказна, а јас те слушам само половично.

Заборавам на тоа кога безгрижно си играш надвор.

Заборавам на тоа кога плачеш за мене и знам дека тоа значи уште една долга ноќ.

Но, тогаш јасно ми светнува.

Јас сум голема среќничка што имам уште еден ден со тебе.

Имам среќа што ти го слушам гласчето.

Имам среќа што гледам како твојата имагинација расте.

Голема среќничка сум што јас сум таа која прави да се чувствуваш безбедно.

Се сеќавам кога дознав дека сум бремена со тебе.

И точно како се чувствував кога те ставија на моите гради. Беше совршено и сè уште си.

Па, кога животот ќе стане зафатен и умот ќе ми заталка, запомни:

Тоа што ти сум мајка ме прави најсреќната личност на светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8895 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.