Почетна » Забава » Видео » Сестричка за пример: Девојче му пее на малото братче со Даунов синдром за да биде мирно

Сестричка за пример: Девојче му пее на малото братче со Даунов синдром за да биде мирно

Видео од грижливо девојче кое му свири и пее на своето братче со Даунов синдром ќе ви го разнежни срцето.

Имено, талентираната Лидија требало да се грижи за Бо додека нивната мајка заврши со туширање, па го пронашла идеалниот начин за смирување и поврзување со своето помало братче. Преку музика и песна, двегодишното момче полека учи нови зборови.

„Ќерка ми Лидија го чуваше Бо додека јас се туширав. Кога излегов, го видов ова. Ако таа немаше гитара не знам како ќе успееше да го чува. Ова е доказ дека музичката терапија функционира. Бо има 25 месеци и има речник од 12 зборови. Секој од тие зборови тој го има научено преку музика и пеење“ – напиша гордата мајка во описот.

За само 17 часа, видеото е прегледувано над 5,6 милиони пати, има речиси 200.000 допаѓања и над 166.000 споделувања.

Лидија и Бо имаат уште три братчиња.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.