Случката со семејното насилство во дом во Драчево ја згрози македонската јавност.
Во домот каде што требало да владеат љубов и сигурност, се случувала болка што не треба да ја доживее ниту едно дете.
Едно од трите мали девојчиња беше брутално тепано од својот татко, а мајката, која храбро се спротивстави на насилството, сега се бори за нов почеток.
Мајката Венера пред неколку години го продала својот стан за да помогне да се изгради семејната куќа во Драчево, но наместо мир, таму започнал пеколот. Денес, покрена правна постапка и бара поддршка од сите хумани луѓе за да им овозможи безбедно детство на Нина, Дијана и Ана Марија. Кампањата има за цел да собере средства за правна помош, психосоцијална поддршка и основни животни услови за девојчињата.

Докторот Ненад Лазаров го сподели апелот за помош и напиша:
„Ова се сестричките од Драчево, Нина (9 години), Дијана (4 години) и најмалата, Ана Марија (3 години). 4 годишната Дијана беше последна жртва на насилство од монструозниот таткото кое насилство всушност трае со години, случај кој ја згрози цела Македонија!“
„Токму затоа, за да ги обезбедиме во ова премрежје, ве повикувам да се сплотиме и да помогнеме на мајката конечно да ги спаси од хоророт во кој живеат
Ве молам, кој колку може, од 100 до 6000 денари, кој не може барем нека сподели, за светла иднина на овие деца!“
Апелот од ECrowd ви го пренесуваме во целост:
Мајка на три мали девојчиња бара поддршка за подобрување на условите во домот и психосоцијална поддршка, по излез од семејно насилство. Таа е вработена во Црвен крст и сака на ќерките да им овозможи безбеден живот.
Во време кога ја очекувала својата втора ќерка, мајка од Скопје одлучила да вложи сè во иднината – го продала својот стан за да помогне да се изгради семејна куќа во Драчево. Во неа сакала да обезбеди топол и безбеден дом за своите три девојчиња: Нина (9), Дијана (4) и Ана Марија (3).
Но, токму таму започнал кошмар кој траел премногу долго. По серија случаи на семејно насилство, кулминирано со физички напад врз едно од децата, мајката конечно го прекинува молкот. Започната е и правна постапка – не само за заштита, туку и за преземање на домот кој самата го финансирала и бракоразводна постапка.
Таа е вработена како асистент во Црвен крст на Македонија и со сите сили се бори да им овозможи сигурен, стабилен и достоинствен живот на своите деца, без повторна траума од селење.
Кампањата има за цел да обезбеди:
Правна помош
Подобрување на условите за живот
Основни потреби за децата
Психосоцијална поддршка и стабилна средина за раст и развој
Буџет на кампањата
600000
Начин за донација:
На сметка на Фондацијата: 270078016610134 (опис: за Венера и ќерките).
