Почетна » Забава » Видео » До мајката која се породи со царски рез: Твоето тело не те „изневери“, бебето е безбедно во твојата прегратка

До мајката која се породи со царски рез: Твоето тело не те „изневери“, бебето е безбедно во твојата прегратка

Честопати, родилките кои се породуваат со царски рез имаат чувство дека нивното тело ги изневерило и дека не го направило она за што е создадено. Мајките кои родиле со оперативен зафат неретко се соочуваат и со коментари дека го избрале полесниот начин и дека не искусиле како е да се биде мајка.

Април е месец за подигнување на свеста за царскиот рез.

По тој повод, Motherly создаде емотивно видео кое ги потсетува мајките што родиле со царски рез дека нивното не ги изневерило, дека овој начин на породување не е „полесен“ и дека најважно е нивното бебе да дојде здраво на овој свет.

До мајката која имаше царски рез:

Твоето тело не те изневери

Ова не беше „полесниот“ начин

Независно дали беше дел од твојот план или е одлука направена во последен момент

Невозможно е да се подготвиш за моментот кога ќе бидеш одвезена во количка во операционата сала

Ја совлада нервозата

Беше храбра

Си дозволи себеси да бидеш ранлива

Го надвладеа стравот

Го роди твоето дете

Го почувствува слаткото олеснување од ТОЈ плач на новороденче

За конечно да ја запознаеш мала душичка која ја чекаше

За да станеш мајка

Го имаш твоето бебе безбедно во твојата прегратка

Ќе ти треба време и простор за да заздравиш

Па, биди трпелива кон себе

Додека го запознаваш твоето ново бебе, ќе го запознаеш и твоето променето тело

Можеби ќе се чувствуваш надвладеано на почетокот, но секој ден ти се менуваш

И кога ќе ја видиш твојата лузна, запомни:

Тоа беше врата кон животот

А ти си воин

Го можеш ти ова.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11043 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.