Почетна » Забава » Видео » Вирално видео: Девојка со знаковен јазик му пренесува песна на глувиот татко на рок концерт

Вирално видео: Девојка со знаковен јазик му пренесува песна на глувиот татко на рок концерт

Видео од татко и ќерка на рок концерт стана вирален хит, бидејќи ја прикажува силната врска меѓу децата и родителите.

Џулс Марија била на рок концерт на групата Three Days Grace кога видела девојка и маж на кои им требало поголем простор за танцување. Марија на почетокот била револтирана поради тоа, но само додека да сфати што се случувало реално. Имено, разиграната девојка на знаковен јазик му го преведувала на татко си текстот од тековната песна, додека двајцата заедно танцувале на музиката.

„На синоќешниот концерт, бевме сведоци на нешто апсолутно прекрасно. Имајте на ум дека ова е рок концерт (Three Days Grace во Едмонтон). Видовме девојка и маж на кои им требаше голем простор за танцување, на почетокот тоа иритираше, додека не сфативме што се случува. Нејзиниот татко е грув/наглув (?), а таа му го пееше текстот. Воопшто не ни беше гајле што се случува на сцената, бевме хипнотизирани од нив. Двајцата беа многу слатки, а таткото се гордееше со ќерка си“ – напиша таа на Facebook.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11119 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.