Почетна » Забава » Видео » Видео на една мајка: „Еден ден ќе бидам одморена и ќе направам појадок прво за себе, но ќе ми недостигаат овие денови“

Видео на една мајка: „Еден ден ќе бидам одморена и ќе направам појадок прво за себе, но ќе ми недостигаат овие денови“

Мајките на мали деца со нетрпение чекаат нивните малечки да пораснат и да станат самостојни личности. Но, откако еднаш тоа ќе се случи, голем број од нив копнеат по деновите кога ги имале покрај себе 24/7.

Џил Симер создаде видео во кое е раскажан еден нејзин ден, за да порача дека децата растат брзо и дека мајките треба максимално да уживаат во моментите додека се мали, бидејќи тие се магични.

Ова е денот на една мајка:

Започнува рано,

Нема паузи,

Прекрасно е,

И хаотично,

Но, толку многу вреди.

Еден ден, ќе бидам добро одморена,

Ќе направам појадок прво за себе,

И ќе го изедам пред да се излади.

Еден ден, куќата ќе биде средена,

Ќе можам да одам во тоалетот сама,

И да се спремам навреме,

Еден ден, ти ќе пораснеш,

Ќе ти бидам потребна помалку,

И моите денови ќе бидат „слободни“,

Но, јас веќе знам дека ќе ми недостигаат овие денови.

Управувани од нашите рутини,

Ќе ми недостигаат овие мали моменти со тебе.

Понекогаш чувствуваме дека не сме направиле ништо,

Но, има магија во тоа „ништо“, а јас не би ги заменила овие денови за ништо на светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.