Еден мал фитнес реквизит може да направи огромна разлика во ефектот на вежбите кои ги практикувате. Станува збор за ластиците за вежбање, кои ги отежнуваат движењата и со тоа помагаат за побрзо тонирање на мускулите и забрзување на процесот на согорување на масти.
Бек Донан, која работи како личен тренер, создаде серијал вежби со кои ќе го обликувате целото тело, а особено задникот и стомакот.
Откако ќе исчекорите наназад и дијагонално со левата нога, повторете го движењето и со десната. Направете 3 серии со по 15 повторувања.
Магарешките удари со ластик се фантастична вежба за задникот и веднаш ќе почувствувате зацврстување на мускулите. Повторете ја вежбата по 15 пати со секоја нога. Направете вкупно 3 серии.
Исчекорете налево-надесно 20 пати. Направете 3 серии.
Оваа вежба е многу потешка одошто изгледа. Направете 3 серии со по 20 повторувања.
Повторете ја вежбата по 15 пати со секоја рака. Направете вкупно 3 серии.
„Возете велосипед“ околу 30-45 секунди.
Направете 3 серии со по 20 повторувања на секоја страна.
