Почетна » Убавина и мода » Тело » Медено разубавување

Медено разубавување

Создаден од нектарот на цветовите, медот не е само вкусен дар од природата кој на здрав начин ја задоволува нашата желба за слатко. Медот, често нарекуван и течно злато, е и моќно средство за разубавување.

Засладете ги вашите домашни третмани за нега на телото со природен мед и ќе ви стане јасно зошто тој е популарен сојузник на женската убавина од времето на Клеопатра, па сè до денес.

Убава жена

Маска за чистење и освежување на лицето

Мешавината од мед и цимет ја освежува и навлажнува кожата, а и го потпомага заздравувањето на мозолчињата и лузните од акни.

  • 2 големи лажици мед
  • 1 мала лажичка цимет

Измешајте ги медот и циметот за да добиете густа паста. Нанесете ја маската и оставете ја околу 20 минути. Пред да го измиете лицето со млака вода, нежно измасирајте го со кружни движења. Ситниот цимет ќе ја ексфолира кожата без да ја иритира.

Пилинг за кадифено мека кожа

  • ½ шолја шеќер
  • 1 голема лажица мед
  • 1 голема лажица маслиново масло
  • 3-4 капки етерично масло по желба

Со мешањето на состојките потребно е да добиете хомогена смеса. Додајте повеќе шеќер или повеќе маслиново масло доколку смесата ви е премногу течна или премногу сува. Направениот пилинг користете го за ексфолијација на кожата на телото два пати седмично пред туширање.

Навлажнувач за нега на сувата кожа на лактите и колената

Медот забележително ја омекнува грубата кожа на лактите и колената. Едноставно премачкајте ја сувата кожа со тенок слој мед и оставете го 20 минути пред да го измиете.

Кожата веднаш станува помека, а се намалува и црвенилото доколку го има.

Маска за ревитализирање на косата

Медот во комбинација со маслиново масло и жолчка од јајце ја прави косата помека и понежна на допир.

  • 2 големи лажици маслиново масло
  • 3 големи лажици мед
  • 1 жолчка од јајце

Измешајте го маслиновото масло со жолчката, а потоа додајте го медот. Мешавината нанесете ја на влажна коса, ставете најлонска капа и оставете ја да делува 20-30 минути. Измијте ја косата со шампон како и секогаш.

Маска за затегнување на кожата на лицето

  • 1 ½ мали лажички мед
  • 2 мали лажички матена белка од јајце

Измешајте ги белката и медот и нанесете ја течната маска врз чисто лице. Оставете ја 15 минути пред да ја измиете со топла вода. Белката од јајце помага за привремено затегнување на кожата, додека медот ѝ дава здрав блесок.

Пилинг за нежни усни

Премачкајте ги усните со мед и почекајте 10 минути кожата да омекне. Навлажнете два прста и врз нив ставете сода бикарбона. Со нежни кружни движења масирајте ги усните една минута. Измијте со топла вода.

Нежниот пилинг ќе го отстрани слојот мртви клетки од кожата и усните ќе останат мазни. За најдобар ефект, на крајот премачкајте ги усните со вазелин или балсам.

Регенератор за посјајна коса

  • 1 чаша топла вода
  • 2 мали лажички јаболков оцет
  • 1 мала лажичка мед

Во чашата со вода додајте ги медот и оцетот и добро промешајте. Измијте ја косата со шампон, а потоа потурете ја со медената течност. Нежно масирајте го скалпот 2 минути, а потоа измијте ја косата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11040 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.