Почетна » Убавина и мода » Коса » 5 едноставни третмани за сјајна и кадифено мека коса

5 едноставни третмани за сјајна и кадифено мека коса

Безживотниот изглед на косата може да направи и најдобрата фризура да изгледа обично и несредено. Спротивно на тоа, блескаво сјајната коса може слободно да ја пуштите да паѓа врз вашите рамена, а сепак да изгледа раскошно и атрактивно исто како штотуку да сте излегле од скап фризерски салон.

Доколку сакате вашата коса да кумулира сјај во своите прамени, не треба да ја запоставувате нејзината нега. Во продолжение научете неколку брзи и едноставни третмани кои ќе ја зачуваат и истакнат убавината на вашата коса.

Жена со сјајна косаСјајната коса секогаш изгледа гламурозно и привлечно

Спреј за расплеткување на косата

Наместо со чешелот нервозно да ја кубете косата додека се обидувате да ја расчешлате, направете си домашен спреј за лесно расплеткување. Наполнете две третини од шише со распрскувач со млака вода и дополнете го со регенераторот за коса што вообичаено го користите. Силно протресете го шишето.

Пред чешлање напрскајте ја заплетканата коса со приготвениот спреј и сигурно ќе ја намалите болката и непотребното кинење на влакната на косата. Многу е важно да го започнете расчешлувањето од врвовите и со кратки движења да се движите нагоре кон корените. Протресувајте го шишето пред секое користење. Доколку растворот ви ја мрси косата, променете го соодносот вода/ регенератор, т.е. ставете повеќе вода, а помалку регенератор.

Измивање со кафе (за бринети)

Кафето го интензивира сјајот на косата, но не се препорачува за русокоси, бидејќи може да ја потемни косата.

Направете темно кафе (на пример, еспресо или турско кафе) и оставете го да се олади. Измијте ја косата со шампон и потоа потурете ја со кафето (исцедено, без талог). Оставете го да дејствува додека не завршите со туширањето и на крајот измијте ја косата само со млака вода.

Колку кафе ќе искористите зависи од должината на косата.

Балсам против сува и оштетена коса

Сувата оштетена коса е најголем предизвик за одржување, бидејќи изгледа круто, без сјај и разлетано. Дајте ѝ мекост и нежен изглед на сувата коса со балсам од жолчка од јајце и бебешко масло.

  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажица бебешко масло
  • малку вода

Измешајте ги состојките во шише. По миењето со шампон, нанесете ја смесата на косата и оставете ја 10 минути. Измијте ја косата уште еднаш со шампон и млака вода.

Маска за поголема мекост и повеќе сјај

Меката нежна коса секогаш изгледа и посјајно, а освен тоа е неодолива на допир. Подарете ѝ на вашата кожа кадифена нежност со маска со млеко и јајце.

  • 1 јајце
  • 1 лажица млеко

Измешајте ги јајцето и млекото ги ставете ја маската да дејствува на косата 20 минути. Измијте со топла вода и шампон.

Во зависност од должината на косата можно е да треба да искористите дупла доза. Целото јајце користете го ако имате нормална коса. Ако имате мрсна коса, искористете белка од две јајца, а ако имате сува коса, искористете ги само жолчките од две јајца.

Длабока ревитализација

За да го заштитите надворешниот слој на влакното на косата и да го зголемите сјајот, користете третмани за длабоко регенерирање.

Испасирајте го авокадото, додајте ги сода бикарбоната и маслиновото масло и добро промешајте. Разнесете ја смесата низ косата со нежно масирање. Оставете ја 15 минути и измијте со топла вода и шампон.

Сода бикарбоната ќе ги отстрани од корените на влакното натрупаните остатоци од секојдневното користење на стилизирачки продукти, регенератори и шампони. Со тоа вашата коса нема да изгледа како залепена за скалпот и ќе добие дополнителен волумен и живост.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11122 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.