Почетна » Семејство » Дете » (Не)соодветна употреба на витамини/суплементи кај децата: Д-р Катерина Василева Димовска за витамините Ц, Б12 и Б9

(Не)соодветна употреба на витамини/суплементи кај децата: Д-р Катерина Василева Димовска за витамините Ц, Б12 и Б9

Д-р Катерина Василева Димовска споделува совети за сооодветната, односно несоодветната примена на одредени витамински суплементи кај децата.

Во претходниот дел, таа ја опфати групата на липосолубилни витамини каде спаѓаат витамините А, Е и Д, додека во овој текст ќе зборува за хирдосолубилните витамини како Ц, Б12 и Б9.

Витамински суплементи

Да се потсетиме кога треба на децата да им се даваат витамински дополнувања:

  • Дефицит на витамини, заради намален внес или намалено присуство на витамини во исхраната,
  • Примена на рестриктивни диети со смалена количина на витамини, и
  • Болести и состојби при кои имаме смалена односно неадекватна ре-абсорпција на истите.

Витамин Ц

Овој витамин се наоѓа во човечкиот организам во облик на аскорбинска киселина. Главен извор на Витамин Ц се овошје и зеленчук. Тој учествува во синтеза на колаген и градењето на сврзните ткива. Се вклучува во ензимските реакции во функција на нервниот систем, а исто така има и антиоксидантна улога низ која ги неутрализира слободни радикали.

Препорачана доза за витамин Ц е помеѓу 35 и 75mg/дневно во зависност од возраста. Болеста на недостаток на витамин Ц се нарекува скорбут и е исклучително ретка, но сепак присутна во земјите во развој. Клинички знаци на скорбут се манифестираат со зголемена осетливост на крвните садови и појава на крварења од кожа и слузници, како и манифестација на мускулно-скелетни болки. Недостигот на витамин Ц се појавува и во западните земји поаради примена на рестриктивни диети при состојби како аутизам и невролошки состојби, како и при малапсорптивни болести на гастроинтестиналниот и бубрежниот систем.

Витамински суплементи

При инфекции на горнореспиратните патишта витаминот Ц не игра улога во должината на траење на истата ниту во тежината на клиничката слика. Според студијата на Гараиова, давање на витамин Ц во комбинација со пробиотик во период од 6 месеци резултирало со редуцирње на зачестените респираторни инфекции и тежината на клиничка слика. Но сепак студијата не може да го докаже исклучиво ефектот на витамин Ц. Иако според одредени студии направени на возрасни, примена на витамин Ц го намалува траењето на пневмонијата.

Витаминот Ц игра улога во метаболизмот на хистамин и простагландин со евидентен бронходилатирачки ефект. Сепак, досега ниту една студија го нема потврдено тој ефект при астма кај децата. Позитивен ефект се смета дека има при депресија кај децата. Низ повеќе студии е докажано неговото влијание на намалување на болката кај пост-херпетична невралгија кај онколошките болки и кај синдром на регионална болка. Во полето на хематологија важно е да се нагласи способноста на витаминот Ц да ја зголеми абсорпција на железото овозможувајќи при тоа негова претворба во редуцирана форма. Последните студии го доажуваат неговото својство за подобрување на крвните параметри при орално администрирање од 250mg/дневно во тек на 10 недели, кај пациенти со рефрактерни анемии и кај феродефицитни анемии.

Кај пациенти на дијализа, суплементацијата на витамин Ц овозможува смалување на урична киселина и го подобрува профилот на масти во крвта. Дополнително, витаминот Ц покажува влијание и кај обезитет при што ги намалува проинфламаторите, а кои се типични за овие состојби. Низ метаанализи е покажано дека витаминот Ц при негова орална администрација има својство значително да ја намали гликозата во крвта кај пациенти со Дијабетес тип 2.

Витамин Б12

Овој витамин спаѓа во групата на Б витамини, а негов природен извор е храна од животинско потекло.

Витамин Б12 е вклучен во синтезата на ДНА. Учествува во синтезата на хемоглобинот и има клучна улога во невролошките функции. Исто така е кофактор во бројни метаболички реакции.

Препорачана доза за деца од 1 до 3 години е пмеѓу 0 и 7 микрограми/дневно. Додека за адолесцентни дозата изнесува 2 микрограми/ден. Неговата апсорпција во тенкото црево се одвива преку интризинчен фактор кој се продуцира во желудочната слузница. Чист дефицит на витамин Б12 се јавува при рестриктивни диети како на пример веганска диета или при нарушена апсорпција. Клнички се манифестира со невролошки симптоми и мегалобластна анемија. Примената на одредени лекови како инхибитори на протонска пумпа, хистамин рецептор антагонисти и метформин, го смалуваат нивото на Б12.

Витамински суплементи

Веганската диета во денешно време е исклучително популарна и применувана. И покрај препораките дадени од интернационалната асоцијација за нутритивно здравје, се повеќе мајки и трудници стануваат вегани. Дефицит на Б12 во тек на бременоста е асоциран со пре-еклампсија, повеќекратни губења на плодот, интраутерино заостанување на растот на плодот, предвремено раѓање, ниска родилна тежина и вродени дефекти на невралната туба кај новороденото.

Новороденчиња од мајки кои во тек на бременост имале недостиг на Б12 покажуваат висок ризик за развој на проблеми во растот, анорексија, неволни движења, хиперпигментација, абнормален наод на ЕЕГ(електроенцефалограм) и доцнење во развој на говорот. Понатаму, покажано е дека концентрацијата на витамин Б12 во млекото е строго зависна од концентрацијата на витаминот во серум кај мајката. Затоа, препорачана доза на суплементација на Б12 кај жени во бременост и во лактација е 250микрограми/неделно. Додека пак за деца на возраст меѓу 7 месеци и 6 години, дозата треба да изнесува околу 1-4 микрограми/дневно.

Постојат неколку видови мерења врзани со витаминот Б12.

  • Мерење на серумска концентрација на Б12 се изразува во пикомоли/литар, а нивото се смета за намалено доколку изнесува помалку од 120 пикомоли/литар кај новороденче од раѓање до 6 месеци возраст; под 165 пикомоли/литар за возраст од 6-12 месеци, и под 183 пикомоли/литар за возраст од 12 месеци до 24 месеци.
  • Функционален статус на Б12 се испитува низ мерење на хомоцистеин и метилмлонска киселина, а чии нивоа е типично да се зголемени при дефицит на Б12. Преку регулацијата на хомоцистеинот, витаминот Б12 игра важна улога во кардиоваскуларното здравје.

Ниски нивоа на Б12 се поврзани со обезност и инсулинска резистенција.

Во однос на невролошкиот систем и неговото функционирање, одредени студии демонстрирале поврзаност меѓу недостигот на Б12 и зголемената појава на деменција и когнитивен пад. Квестад и негови соработници, покажале дека во првата година од животот кај децата постои силна поврзаност меѓу неврокогнитивниот развој и витаминот Б12. Заради високата преваленца на дефицит на Б12 кај децата која е асоцирана со висок ризик на неповолен неврокгогнитивен развој, постои потреба од понатамошни студии за анализирање на ефектите од Б12 суплементација. Навремената терапија со Б12 во некои случаи е важна со цел да се превенира иреверзибилна невропатија.

Фолна киселина Б9

Фолната киселина спаѓа во групата на Б витамини, попозната и како витамин Б9, вообичаено се наоѓа во зеленчуци. Се смета за есенцијален во превенција на вродени малформации, особено малформации на невралната туба кои се појавуваат во раната ембрионална фаза во развој на плодот кај жената. Фолна киселина е клучна за синтеза на нуклеинските киселини, метаболизмот на аминокиселини и клучна за соодветна клеточна делба. Дневна препорачана доза изнесува 110 до 320 микрограми/ден кај доенчиња кои цицаат и кај адолесценти. Витамински суплементи Несоодветна диета е најчеста причина за дефицит на фолна киселина. Но недостиг може да има и при примена на одредени лекови (барбитурати, естропрогестини), често конзумирање на алкохол, болести со малапсорпција или кај генски мутации за метаболизам на фолна киселина. Поради нејзиниот ефект во производство на црвени крвни зрнца, се препорачува во терапија кај хемоглобинопатија на српеста анемија (СЦД). Фолната киселина е есенцијална за хематопоеза и за раст и развојот на фетусот. Европската асоцијација и комитетот за педијатриска гастрентерологија, хепатологија и нутриција (ESPGHAN), препорачуваат дневен внес од 35-100 mg/килограм, кај предвремено родените деца. Предвремено родените бебиња кои се на мајчино млеко се заштитени од недостиг на фолна киселина во првите 2 месеци од животот. Додека бебињата кои се на формула, можат да бидат изложени на ризик од дефицит на фолат. Современиот пристап на суплементација на фолна киселина кај мајките доилки и современите млечни формули значително го менуваат ризикот за недостиг на фолати, но сепак супституција на фолна киселина останува препорака за превенирање на анемија кај предвремено родени бебиња.

Последните истражувања го испитуваат ефектот на фолна киселина при алергиски воспаленија и неговата корелација со појавата и повторувањето на симптомите.

Препорака на Светската здравствена организација (WHO) за превенирање на дефекти на невралната туба на фетусот кај бремените жени е редовен дневен внес на 400 микрограми фолна киселина, од првиот обид за зачнување до 12 недела на гестација.

Во клиничката болница Жан Митрев на располагање ви стои нашиот педијатар д-р Катерина Василева-Димовска. За да закажете термин за вашето дете јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484.

Медицина

Д-р Катерина Василева Димовска
Специјалист по педијатрија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 13341 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.