Новак Ѓоковиќ во изминатиов период беше мета на повеќе обвинувања за неверство, но очигледно неговиот брак со Јелена е стабилен.
Парот си ја честита годишнината од бракот со романтични фотографии и пораки.
Славниот тенисер објави заедничка фотографија и напиша: „Среќна годишнина од бракот, моја сродна душо! Ти благодарам што си присутна во мојот живот, затоа што со тебе и твојата љубов свесен сум за она што го негуваме и она што е вредно за да се бориме во животот. Благодарен сум ти што си посветена мајка, огромна поддршка и поткрепа на сите кои сме во твоја близина. Те сакам со цело срце.“
Јелана, објави албум со фотографии и пораката: „Среќна годишнина, љубов моја! Времето не постои за нас... само љубовта, разбирањето, поддршката, страста и ние.“







Во изминатиов период, многу се зборува за физичката подготвеност на Новак и падот во неговата форма. Многумина поттикнаа шпекулации дека причината за тоа се брачни проблеми или поточно неверство од страна на Новак.
Многу медиуми пренесоа дека причината за непријатностите во бракот е готвачката Лорен ван дер Пол, која на Ноле му давала лични совети околу исхраната.

Сепак, сето тоа засега се непотврдени гласини.
Новак и Јелена се родители на 2-годишниот Стефан, а наскоро ќе го добијат второто дете.