Почетна » Новости » Промо » Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа

Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа

Шар Планина е еколошкото срце на Македонија и со одговорно однесување сите можеме да придонесеме за нејзино зачувување за идните генерации, вели Aнела Ставревска Панајотова, раководителка на одделението за заштита на природа во ЈУ Национален Парк Шар Планина.

Скопско

„Создавањето на Националниот парк Шар Планина беше пречекано со мешани реакции од локалното население, што е сосема очекувано кога станува збор за воведување на нешто ново. Од една страна, многу жители ја поддржуваа идејата за заштита на природата, бидејќи препознаа дека паркот носи можности за развој на еко-туризам, нови работни места, поддршка за традиционалното сточарство и подобра инфраструктура. За нив, националниот парк е шанса за промоција на регионот и зачувување на животната средина за идните генерации. Од друга страна, дел од населението имаше загриженост, особено во врска со ограничувањата за користење на шумите, пасиштата и водите, кои со години наназад им служеле за преживување и традиционална економија. Во последните години, соработката се подобрува. Локалните жители сѐ повеќе се вклучуваат во заштитата на планината затоа што практично нема големи промени во користењето на земјиштето и природните ресурси освен што се намалени недозволените активности. Тие се клучен партнер во мониторингот на природата, во спречување на криволовот и нелегалната сеча, како и во промоцијата на културното наследство. Националниот парк треба да е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа, а сите оние кои ги гледаат ресурсите и Шар Планина со економски фокус наместо низ призмата на одржливост, треба за секогаш да останат незадоволни“ - вели таа.

Скопско

Шар Планина, додава таа, има огромно значење за еколошката рамнотежа, не само во Македонија, туку и на ниво на целиот Балкански Полуостров.

„Шар Планина е главен водоснабдувачки регион – тука извираат многу реки како Радика, Вардар (преку Треска), Пена и други. Овие води се клучни за пиење, земјоделство, индустрија и одржување на екосистемите во пошироката област. Всушност, и изворот Рашче кој е од витално значење за снабдување на вода за пиење на Скопје се храни од шарските води. Од аспект на биодиверзитетот, има големо значење за Европа. Со над 2000 видови растенија и многу ретки животни, планината е една од најбогатите биолошки зони во Европа. Таа служи како засолниште за загрозени видови, особено за балканскиот рис, златниот орел, дивокозата, но и многу ендемични растенија кои не постојат на друго место“ - објаснува Ставреска Панајотова.

Скопско

Пивара Скопје преку платформата „Наша гордост, наша одговорност“ потпиша Меморандум за соработка со ЈП Национален парк „Шар Планина“ за заеднички активности, кои ќе придонесат за заштита и унапредување на ова непроценливо природно богатство.

Една од овие активности беше еко-акцијата за чистење на излетничкото место Лисец на Шар Планина, која се одржа на 7 мај. Во акцијата учествуваа 23 волонтери, кои заедно со вработените од Националниот парк и партнерите од „Саубермахер“, собраа цели 1.300 килограми отпад – резултат, кој не само што говори за посветеноста на учесниците, туку и за важноста од заедничка акција за заштита на нашите планини.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25657 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.