Шејнис Паласиос е новата Мис Универзум. Претставничката на Никарагва ја освои посакуваната титула на изборот за убавина кој оваа година се одржа во Сан Салвадор.
23-годишната убавица ги победи останатите 83 учеснички меѓу кои за првпат се натпреваруваа две мајки, две трансродови личности и една plus-size девојка.
Минатата година се донесоа нови правила за учесничките, според кои сега може да се натпреваруваат и мајки, омажени и разведени жени. Досега, дозволено беше учество само на девојки на возраст од 18 до 28 години, кои не се во брак и кои немаат деца.
Мис Непал, Џејн Депика Гарет, е првата plus-size девојка која стана дел од натпреварот, а Рики Валери Кол од Холандија и Марина Мачет од Португалија се дел од ретките трансродови личности кои зазеле место на манифестацијата.
Мис Тајланд беше избрана за прва придружничка, додека Мис Австралија ја освои титулата втора придружничка.
За првпат во историјата на Мис Универзум учествуваше претставничка од Пакистан. Таа носеше буркини за делот во кој учесничките се претставуваат во бикини.