Почетна » Новости » Занимливости » Анхела Понсе – првиот трансексуален модел кој ќе учествува на Мис Универзум

Анхела Понсе – првиот трансексуален модел кој ќе учествува на Мис Универзум

Анхела Понсе стана Мис Шпанија и со тоа влезе во историјата како првиот трансексуален модел кој ќе се натпреварува на изборот за Мис Универзум.

26-годишната Анхела ги победи останатите 22 кандидатки и беше крунисана на свеченост која се одржа пред неколку дена во Тарагона.

Анхела е родена како момче и потекнува од Севиља. Таа вели дека уште од 11-годишна возраст знаела дека сака да живее како женско, а дури во 2014 година си направи операција за промена на полот.

„Мојата цел е да пренесам порака за инклузија, почит и различност, не само за ЛГБТ заедницата, туку и за целиот свет“ – вели Анхела.

Анхела Понсе Анхела Понсе Анхела Понсе Анхела Понсе

ВИДЕО

Шпанија долги години имаше забрана за трансродови лица да се натпреваруваат на изборите за убавина, но ја укина пред шест години.

Анхела и пред три години учествуваше на изборот за Мис Шпанија, но не успеа да ја освои посакуваната титула.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11049 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.