Еве во чии раце завршија наградите на Златна бубамара на популарноста 2020
Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Еве во чии раце завршија наградите на Златна бубамара на популарноста 2020

Еве во чии раце завршија наградите на Златна бубамара на популарноста 2020

Синоќа, во А1 Арената, се одржа 23-тото издание на Златна бубамара на популарноста.

На манифестацијата, која оваа година се одржа под мотото „Нема правда, има Бубамара“, водител повторно беше Сашко Коцев.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Свеченоста беше отворена со настапот на членовите на танцовото студио „Еурека“. Тие добија Златна Бубамара за инклузивност за претставата „Пепелашка“, првата претстава во која главните улоги ги играат деца со попреченост.

Наградата за Интернационален успех во областа на филмот ја доби македонскиот кандидат за Oскар „Медена земја“.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Тамара Тодевска ја имаше честа да се закити со две награди – Пејачка на годината и Хит на годината за „Proud“.

Златна Бубамара на популарноста

Интернационалната награда за животно дело му припадна на Раде Шербеџија.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

За заедничкиот настап со Мирослав Тадиќ во Античкиот театар во Охрид, Влатко Стефановски беше добитник на Златна Бубамара за Концерт на годината.

Златна Бубамара на популарноста

Наградата во новата категорија Песна за век и векови заврши во рацете на Џина Папас Џокси за неговиот евергрин „На Велигден“.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

„Дајте музика“ беше прогласена за Најпопуларна детска емисија.

Златна Бубамара на популарноста

Наградата за Најдобра регионална пејачка заврши во рацете на Јелена Розга.

Златна Бубамара на популарноста

„Преспав“ беше избран за Најпопуларен ТВ Проект.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Златната бубамара за Пејач на годината му беше врачена на Влатко Лозаноски.

Златна Бубамара на популарноста

Награда за Најдобра сатирична емисија доби тимот на „Фчерашни новости“.

Златна Бубамара на популарноста

Златна Бубамара за Спортски подвиг доби алпинистката Илина Арсова за искачувањето на врвот Винсон на Антарктикот. Со искачувањето на овој врв, висок 4892 метри, Илина го комплетираше потфатот „Седум врвови“, станувајќи првата Македонка што ги искачила највисоките планини на сите седум континенти.

Златна Бубамара на популарноста

За Најдобара театарска претстава беше избрана „Мој термин“, во продукција на МНТ. За Театарски актер на годината беше прогласен Јордан Симонов, додека за Актерка на годината, Тања Кочовска.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Наградата за Трајни музички вредности ја доби белградскиот рок-бенд „Електрични оргазам“.

Златна Бубамара на популарноста

Ристо Вртев, фронтменот на групата Архангел, го доби признанието за Трајни музички вредности во рок музика.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Кавалџијата Ангеле Димовски, еден од најпознатите во традицијата на македонската музика, е овогодишен добитник на Златна бубамара за животно дело.

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

Целосната листа на наградени:

Инклузивна танцова претстава - Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија - Дајте музика

Песна за век и векови - На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пеачка на годината - Тамара Тодевска

Хит на годината - Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг - Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија - Фчерашни новости

Трајни музички вредности - Електрични оргазам

Театарска претстава - Мој термин (МНТ)

Актер на годината - Јордан Симонов

Актерка на годината - Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка - Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката - Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката - Синтезис

Интернационална награда за животно дело - Раде Шербеџија

Концерт - Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот - Столе Попов

Награда за прва труба - Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех - Медена Земја

Амбасадори на македонската култура - Танец

Спортски успех - РК Вардар

Музички Продуцент - Мите Димовски

ТВ актерка - Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект - Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика - Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности - Галија

Пејач на годината - Влатко Лозаноски

Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста Златна Бубамара на популарноста

ФОТО: Александар Буневски / Femina.mk

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6883 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“