Алкохол + енергетски пијалоци = поризично однесување
Почетна » Новости » Истражувања » Алкохол + енергетски пијалоци = поризично однесување

Алкохол + енергетски пијалоци = поризично однесување

Мешањето на алкохол и енергетски пијалоци е сè почеста појава. Но, научниците предупредуваат дека консумирањето на микс од алкохол и енергетски пијалок е поризично отколку консумирањето само на алкохол.

Коктелите како Вотка Редбул е поверојатно да предизвикаат импулсивно и ризично однесување отколку традиционалните коктели како Џин тоник.

Луѓето кои пијат алкохол со енергетски пијалоци си го зголемуваат ризикот за повреди и предизвикување на незгодни ситуации.

Забава

Објаснувањето на научниците е едноставно – кога пиете енергетски пијалоци, кофеинот и тауринот кои ги има во нив ве држат будни и ги прикриваат знаците на пијанство, како умореност и замаеност. Поради ваквите миксови, луѓето помалку го чувствуваат пијанството и како резултат на тоа, пијат многу повеќе алкохол.

„Консумирањето на миксови од алкохол и енергетски пијалоци може да доведе до полоша способност за расудување затоа што не сте свесни колку сте опијанети. Се чувствувате посвесни и побудни“ – изјавила Сесил Марцински, психологот кој го предводел истражувањето.

„Умората е знак да сопрете да пиете на крајот на вечерта. Но, мешањето на алкохол со енергетски пијалоци може да придонесе да пиете повеќе отколку што нормално би пиеле“ – дополнила таа.

За целите на истражувањето, 56 студенти биле разделени во 4 групи. Едните консумирале само алкохол, вторите само енергетски пијалоци, третите микс од алкохол и енергетски пијалок, а четвртите сок.

„Оние кои консумирале алкохол, со и без енергетски пијалок, се однесувале поимпулсивно во споредба со оние кои не консумирале алкохол. Но, учесниците кои пиеле алкохол и енергетски пијалок се чувствувале постимулирани во споредба со учесниците кои пиеле само алкохол. Па така, консумацијата на енергетски пијалок во комбинација со алкохол создава ризично сценарио за консуматорот поради поинтензивното чувство на стимулација и високите нивоа на импулсивност“ – резимирала Сесил.

„Резултатите од ова истражување обезбедија конкретни лабораториски докази дека консумирањето на микс од енергетски пијалок и алкохол е поризично од консумирањето само на алкохол“ – констатирала таа.

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 5%
  • 6%
  • 3%
  • 3%
  • 11%
  • 13%
  • 28%
Се испраќа...

(Вкупно: 4763 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?