„Нинанајна“ ечеше во Битола и ја размрда публиката на платото пред Офицерскиот дом. Во рамките на спектаклот „Силно светнал ден“, настапи и Елена Ристеска, која енергично ја изведе евровизиската песна од 2006 година.
Елена Ристеска настапи на првиот концерт од музичко-сценскиот проект „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.