Елена Ристеска го прослави јубилејниот 40-ти роденден.
Македонската музичарка славеше заедно со пријателите, колегите и роднините во ресторан декориран по нејзин вкус. Црвени балони, панделки и примамливи торти во форма на бројот 40 го красеа просторот каде Елена позираше за фотографии и ги дуваше роденденските свеќички.
Убавата славеничка танцуваше и пееше на македонски хитови заедно со внуката Делфи, сестра си Даница, Антониа Гиговска, диџеј Мац и Даниел Николовски.
Покрај фотографиите и видеата од прославата, Елена сподели и емотивна порака полна со благодарност до сите кои ѝ го разубавија денот.
40КА! :) И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност. Благодарност за честитките кои цело утро ми стигаат од вас. Благодарна сум за сѐ што имам и што ми даде Бог можност да стекнам. Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 и за сите кои ќе бидат до мене наредните 40 години – напиша таа.
Изведувачката на хитовите „Нинанајна“ и „Милионер“ шеговито додаде дека „следните 40 ќе мора да бидат посериозни“.