Гордон Ремзи стана дедо.
Неговата ќерка Холи Ремзи-Пити го доби првото заедничко дете со сопругот Адам Пити. Тој има и 6-годишно синче од претходна врска.
Среќните родители ја споделија убавата вест на социјалните мрежи, каде објавија и први фотографии со бебенцето. Тие открија дека ќеркичката се роди на 25 ноември и ѝ го дадоа името Дафне Џун Ремзи-Пити.
„Дафне Џун Ремзи-Пити, добре дојде на свет! 🩷 25.11.2026 🤍⭐️ Засекогаш ќе бидеш нашето прекрасно девојче и малата сестричка на Џорџ. Им благодариме на сите лекари, медицински сестри и акушерки кои се погрижија да бидеме безбедни, здрави и среќни – засекогаш ќе им бидеме благодарни.“- напишаа 26-годишната инфлуенсерка и 31-годишниот олимписки пливач.
Радоста не ја криеше ниту познатиот шеф, кој исто така се огласи на Instagram и ѝ посака добредојде на својата внука.
„Добредојде, госпоѓице Дафне. Честитки за Адам и Холи и ви благодарам за совршениот ран божиќен подарок. Дедо и баба конечно“- напиша 60-годишниот готвач.
Само неколку денови претходно, Гордон доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните.
Гордон и сопругата Тана, со која е во брак од 1996 година, заедно имаат шест деца: синовите Џек, Оскар и Џеси и ќерките Меган, Холи и Матилда.