• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Македонија има најубави жени“: Елена Ристеска со сестра си и внуката на изложбата „Убавите жени на мојот народ“

25 март 2026, 09:04
  • cподели

Елена Ристеска беше дел од прекрасната изложба „Убавите жени на мојот народ“ на Славчо Максимовски.

Македонската пејачка беше една од Македонките фотографирани од талентираниот уметник и фотограф, па не го пропушти настанот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

Елена беше придружувана од сестра си Драгица и внуката Делфина, кои се секогаш покрај неа за да ја поддржат.

На 6ти март бев дел од прекрасната изложба „Убавите жени на мојот народ” на уметникот и фотограф Славчо Максимовски како една од жените Македонки фотографирани од него. Чест беше да се соработува со тебе, но и да се биде дел од овој проект помеѓу успешните и во секоја смисла убави жени од нашата земја. Твојата уметност сплотена со нашите слики е навистина уникатно дело.

Мојата внука Делфина и мојата сестра Драгица секогаш покрај мене – напиша Елена.

Максимовски ѝ возврати во коментарите:

Честа е моја да ја имаме Елена и останатите убави жени во овој концепт. Вие ја правите целата магија на оваа визуелна приказна. Се надевам успешно ќе сведочи дека Македонија има најубави жени, кои се силна инспирација.

Минатата година, во интервју за Фемина, Славчо зборуваше за проектот „Убавите жени на мојот народ“ инспириран од истоимената песна на Блаже Конески.

Сакав да создадам галерија од лица и интимни психологии што не се само портрети, туку визуелни метафори: на секојдневната храброст, на достоинството, на убавината што не се наметнува, туку се живее.

Проектот „Убавите жени на мојот народ“ затоа започна како еден вид одговор – личен, а сепак колективен. Одговор на прашањето: како изгледа коренот кога ќе го погледнеш оддалеку? И како можеш да му се поклониш со боја, светлина и линија, без да го заробиш, туку само да го прославиш? На свој начин, помалку спротивставен од оној на кој ги гледал Конески жените од неговото време – рече тој.

Убавите жени на мојот народ

Tags
Елена Ристеска

Најнови

  • Виктор Апостоловски во слатко видео му пее на синчето Адам кое се обидува да му се придружи

    Wed, 03/25/2026 - 10:51
  • Актерката Емилија Мицевска го покажа трудничкото стомаче на сцената на „Глумците пеат“, вереникот ѝ порача: „Гордост моја“

    Wed, 03/25/2026 - 10:01
  • „Македонија има најубави жени“: Елена Ристеска со сестра си и внуката на изложбата „Убавите жени на мојот народ“

    Wed, 03/25/2026 - 09:04
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.