„40КА! :) И не е така лошо чувството“: Елена Ристеска со порака полна благодарност за јубилејниот роденден
Се вели дека вистинската самодоверба и шармот го достигнуваат својот максимум во четириесеттите години, а Елена Ристеска го потврдува токму тоа.
Прославувајќи го својот јубилеен 40-ти роденден, македонската ѕвезда објави порака полна со благодарност.
Изведувачката на хитови како „Доживотно“, „Усни како темно мастило“ и „Милионер“ сподели и портрети кои визуелно ја следат нејзината шеговита најава за следната „посериозна“ етапа од животот.
Пораката на Елена:
40КА! :) И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност. Благодарност за честитките кои цело утро ми стигаат од вас. Благодарна сум за сѐ што имам и што ми даде Бог можност да стекнам. Благодарна за сите луѓе кои се до мене овие 40 и за сите кои ќе бидат до мене наредните 40 години. Следните 40 ќе мора да се посериозни каква што сум јас на сликиве. 😬
П.С. Не ми замерувајте ако по некоја случајност не ви вратам на честитките, минатата година ми исчезнаа од премногу пораки голем дел од пораките и многу ми беше непријатно дека немав вратено на сите. Во случај да не видам во инбокс, овде ВИ ВЛАГОДАРАМ на сите кои одвоивте време да ми честитате.
It means to me the world!!!
Познатата пејачка доби бројни честитки, меѓу кои и од сестра си Драгица и Дадар.