• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Женствена во црно со виолетови акценти: Елена Ристеска ја разигра публиката во Битола

12 август 2026, 11:00
  • cподели
Елена Ристеска во Битола

„Нинанајна“ ечеше во Битола и ја размрда публиката на платото пред Офицерскиот дом. Во рамките на спектаклот „Силно светнал ден“, настапи и Елена Ристеска, која енергично ја изведе евровизиската песна од 2006 година.

40-годишната пејачка пееше облечена во краток црн топ и широко здолниште со миди должина, а монохроматскиот стајлинг го освежи со повеќеслојно виолетово ланче и салонки во иста нијанса. Косата стилизирана во меки бранови и шминката со виолетови тонови идеално се вклопија во женствениот сценски изглед.

Видео

Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола
Елена Ристеска во Битола

„Силно светнал ден“ се одржува по повод 35-годишнината од независноста на Македонија и претставува музичко-сценско патување низ различни периоди од македонската историја, култура и уметност.

Проектот, во режија на Дејан Пројковски, ги обединува музиката, театарот и поезијата, а низ приказната публиката ја води Игор Џамбазов во улога на домаќин и раскажувач.

На сцената нему му се придружуваат повеќе од 30 македонски изведувачи од различни генерации и музички жанрови, кои преку добро познати песни и сценски изведби ја слават Македонија и нејзиното музичко наследство.

По премиерата на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, Битола беше втората станица на „Силно светнал ден“, а денес проектот патува до Велес.

Фото: Ивона Кочов / Femina.mk

Tags
Елена Ристеска
35-годишнината од независноста на Македонија

Најнови

  • Се играше оро, се славеше за Лука: Стефан Лазаров направи мекици за синчето

    Fri, 10/09/2026 - 09:19
  • Мими Јовановска и Филип со слатко видео со синчето објавија дека чекаат второ дете, го открија и полот

    Fri, 10/09/2026 - 08:11
  • Владан Савиќ

    Се разведе Владан од „Магла бенд“: Се расплака на првото слушање на песната „Криве дрине“

    Thu, 10/08/2026 - 21:00
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.