• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Времето за другите тече, а за мајка стои во место“: Сопругата на Маријан Стојаноски скршена од болка два месеци по смртта на синчето

23 ноември 2026, 09:17
  • cподели

Поминаа два месеци откако Маријан Стојаноски и неговата сопруга Наташа го изгубија 5-годишното синче Петар, но за нив времето како да застана. Скршени од болка тие постојано споделуваат пораки за малото момче, оставени во неверување од сè што се случило.

Во најновиот пост, Наташа опишува колку ѝ е тешко да продолжи со животот по загубата на детето и колку многу ѝ недостига нејзиното момче.

И така се наближуваат два месеци откако те нема, сине мој... Времето за другите тече, а за мајка стои во место, заковано во денот кога замина.

Два месеци како секој здив тежи, а секое утро носи нова болка наместо радост. Постелата е ладна и празна, а срцето ми гори од желба барем уште еднаш да те гушнам и да ја видам твојата насмевка. Ништо веќе не е исто, ниту сонцето грее како порано, ниту ноќите носат мир.

Нема зборови што можат да ја опишат оваа мајчина тага, ниту утеха што може да ја пополни празнината што ја остави зад себе. Живеам со спомените, со твојот глас во мислите и со бескрајната љубов што никогаш нема да згасне. Почивај во мир, ангелу мој, мајка те чува во секој отчукување на срцето, сè додека повторно не се сретнеме.

Петар почина ненадејно на 27 септември.

Маријан и Наташа имаат и две ќерки.

Tags
Маријан Стојаноски
Наташа Стојаноска

Најнови

  • „Времето за другите тече, а за мајка стои во место“: Сопругата на Маријан Стојаноски скршена од болка два месеци по смртта на синчето

    Mon, 11/23/2026 - 09:17
  • Елена Ѓорговска

    „Ако ме озборувате зад грб, барем уживајте во погледот“: Моделот Елена Ѓорговска во провокативен фустан во Мајами

    Sun, 11/22/2026 - 23:08
  • Нежни бакнежи и романтични моменти: Мајли Сајрус ги објави првите официјални фотографии од свадбата

    Sun, 11/22/2026 - 22:06
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.