„Изгледа веќе не е бебе“: Елена Ристеска го прослави роденденот на внуката Делфина, сподели албум од нејзиното растење
Елена Ристеска е горда тетка.
Македонската пејачка со слатка порака ѝ го честиташе роденденот на внуката Делфина, која наполни 12 години.
Ова бебе денес полни 12ка. ❤️
Ама изгледа веќе не е бебе. 😍 – напиша таа.
Елена сподели албум со фотографии од роденденот на Делфи, како и од моменти од нејзиното растење.
Делфина е ќерка на сестрата на Елена, Драгица, која ѝ е силна поддршка на популарната пејачка на сите важни настани. Таа сподели видео во кое Делфина ја пее „Доживотно“ на сцената заедно со Елена.
Убавата музичарка во минатото има споделувано дека ја обожава Делфи и дека чувствува како да ѝ е мајка.
„Не сум верувала дека постои љубов безусловна и безгранична, a се чувствувам како да сум мајка на ова дете. Радоста што ми ја носи ги компензира сите несреќи, да можам душата би ја дала за неа, секој ден сè повеќе ме прави среќна, ме смее до солзи, како себе да се гледам на нејзини години...“ – напиша таа пред 7 години.