• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Елегантна во Охрид: Елена Ристеска со евровизиската „Нинанајна“ на првиот концерт за 35 години независна Македонија

10 август 2026, 08:35
  • cподели
Елена Ристеска

Елена Ристеска беше една од ѕвездите на првиот концерт од музичко-сценскиот проект „Силно светнал ден“, организиран по повод 35-годишнината од независноста на Македонија.

За настапот на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид, македонската пејачка избра елегантно црно издание со впечатлива силуета. Креацијата со нагласени ракави и долг проѕирен долен дел беше дополнета со широк ремен со златна тока, а високото коњско опавче и гламурозната шминка го заокружија нејзиниот сценски изглед.

Пред публиката во македонскиот бисер, Елена се наврати на еден од најпрепознатливите моменти во својата кариера и ја испеа „Нинанајна“ со која во 2006 година ја претставуваше Македонија на Евровизија во Атина.

Фотогафии од целосниот изглед на Елена сподели мејкап артистката Мери Бајрамовска.

Елена Ристеска
Елена Ристеска
Елена Ристеска
Елена Ристеска и Мери Бајрамовска
Елена Ристеска

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

„Силно светнал ден“, во режија на Дејан Пројковски, е замислен како музичко-сценско патување низ 35 години македонска независност, во кое музиката, театарот и поезијата се испреплетуваат со делови од македонската културна и колективна меморија.

Централната улога му припадна на Игор Џамбазов, кој како домаќин и раскажувач ја водеше публиката низ различни периоди и генерации, почнувајќи од едно навидум едноставно прашање: „Како се пишува песна за Македонија?“.

На големата сцена се појавија повеќе од 30 домашни изведувачи од различни генерации и музички жанрови, меѓу кои Тамара Тодевска, Андријана Јаневска, Ана Дурловска, Игор Дурловски, Пере од „Нокаут“, Бојана Скендеровски, Александар Тарабунов, Тони Зен, Таско, Next Time, Ана Петановска, Лина Пејовска и многу други.

Охрид беше првата станица на проектот, кој ќе продолжи да патува во повеќе градови низ Македонија.

Tags
Елена Ристеска
35-годишнината од независноста на Македонија

Најнови

  • Новак Ѓоковиќ го „запали“ Херцег Нови: Пееше на сцената, танцуваше и ја крена атмосферата на концертот на Владо Георгиев

    Mon, 08/10/2026 - 09:22
  • Тамара Тодевска во црно-бела креација настапи на првиот концерт за 35 години независна Македонија

    Mon, 08/10/2026 - 08:54
  • Елена Ристеска

    Елегантна во Охрид: Елена Ристеска со евровизиската „Нинанајна“ на првиот концерт за 35 години независна Македонија

    Mon, 08/10/2026 - 08:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.