По повод 1 јуни, Светскиот ден на млекото, „Бимилк“ организираше голема забава исполнета со повеќе заеднички активности со децата згрижени во хуманитарната организација СОС Детско село.
Млекара АД Битола почна голема хуманитарна акција во која донира 12.000 пакувања Битолски густ јогурт во повеќе институции и организации низ Македонија.
Традиционалниот македонски јогурт од денес е уште погуст! Новиот Битолски густ јогурт е оригинален спој на традиционалниот вкус на Битолски јогурт, млеко со врвен квалитет и домашна рецептура со која се постигнува зголемената густина.
Маја Мојсова Мијовска и нејзиното семејство вчера попладне отпатуваа за Берлин каде што благодарение на Бимилк и омиленото Битолско млеко со 10 витамини ќе ја посетат најубавата Зоолошка градина во Европа - Берлинската Зоолошка.
Заедно со своите соработници, кооперанти, владини претставници, БиМилк го прослави својот јубилеен 60-ти роденден. Прославата започна со прес-конференција за новинари, дружење и размена на искуства, за да заврши со свечен вечерен коктел.
В сабота, на 4 август, од 18 до 23 ч. на Градскиот плоштад во Охрид, Ве покануваме повторно да балансираме заедно, да играме, да се дружиме, да се забавуваме, да се едуцираме и да се наградуваме.