• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Извлечени добитниците од наградната игра „Авантурите на Битолското чупе“

14 мај 2016, 17:01
  • cподели

Викендов донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра на Бимилк „Авантурите на Битолското чупе“.

Попладнево во Детскиот парк во Битола, Битолското чупе ги извлече среќните добитници од големата наградна игра, а најсреќен од нив беше добитникот на главната награда, Маја Мојсова Мијовска, која заедно со своето семејство ќе ја посети светски познатата Зоолошка Градина во Берлин.

Сите добитници на наградите, 15 плеј стејшн, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Бимилк.

Големата авантура на Битолското чупе, Бимилк и Битолското млеко со 10 витамини заврши со незаборавна забава во битолскиот Детски парк, со многу изненадувања и интересна и богата програма.

Бимилк наградна игра извлекување

„На сите денешни добитници им честитам. Но, сметам дека добитници сме сите, а особено нашите дечиња затоа што наградната игра беше креативен спој на корисно, забавно и едукативно. Забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички нѐ водеше омилената детска хероина, креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата и корисна бидејќи децата имаа можност да научат нешто ново. Верувам дека сите денес се забавувавме и дека со нетрпение ја очекуваме новата авантура на Битолското чупе“ – изјави Игор Ивановски, претставник од Бимилк.

Наградната игра забележа неверојатен успех и интерес, побарувачката за албумите беше огромна, продадени беа вкупно 55.000 албуми а испратени дури 13.653 албуми со сликички.

Бимилк наградна игра извлекување

Битолското чупе и Бимилк донесоа незаборавно искуство за многу деца, кои имаа можност на оригинален и креативен начин, преку забава и учење, да уживаат во собирање и размена на сликички и да се дружат.

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна: www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

Tags
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.