• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Голема донација на „Бимилк“ за децата од СОС Детско село по повод Светскиот ден на млекото

1 јуни 2017, 15:10
  • cподели

Комерцијален текст

По повод 1 јуни, Светскиот ден на млекото, „Бимилк“ организираше голема забава исполнета со повеќе заеднички активности со децата згрижени во хуманитарната организација СОС Детско село. На настанот беше најавена и овогодинешната донација на „Бимилк“ која ги покрива годишните потреби за млеко на децата од Детското село и е дел годишниот договор за соработка на двете компании.

Со цел да им го разубави токму овој значаен ден кој го истакнува значењето на млекото во детската исхрана, компанијата приреди супер забава со бројни изненадувања и активности за сите деца под грижа на СОС. Препознатливото Битолско чупе заедно со дел од вработените во „Бимилк“, во текот на тричасовниот настан си играа со децата, се дружеа и стекнуваа нови пријателства, истовремено учејќи ги дека уште од мали треба да имаат здрави навики и редовно да пијат млеко. Тие беа главните актери на настанот од кои децата не можеа да се оттргнат. Возбудата продолжи понатаму кога на ред дојде магионичарското шоу и жонглерите кои предизвикаа многу смеа, но и куклената претстава која сите со воодушевување ја гледаа.

„Бимилк како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој, со нашите производи пораснаа безброј генерации. Токму во годината кога одбележуваме 65 години работа во Македонија, сакаме уште еднаш да истакнеме дека сме компанија која се грижи за добросостојбата на сите, особено на ранливите групи. Донациите се во темелот на нашето корпоративно делување, меѓутоа она што навистина нè поттикнува да не забораваме на вистинските вредности, се токму насмевките на децата, можноста да го разубавиме нивното секојдневие и што повеќе радост во нивните срца. Денот на млекото е само повод и потсетување за нашата долгорочна и искрена солидарност кон овие групи граѓани“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Бимилк со донација за СОС Детско село

„Бимилк веќе станува наш долгогодишен партнер и навистина ми е драго што тие умеат да ги препознаат и задоволат нашите реални потреби. Со оваа количина ние всушност ги обезбедуваме секојдневните потреби од млеко за целата година, а особено сум среќна што нашите деца истовремено имаа прилика да поминат квалитетно време со пријателите од оваа компанија“, рече Александра Ивановски, директор на програми на СОС Детско село Скопје.

Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село

Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории.

Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село Бимилк со донација за СОС Детско село
Tags
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.