• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

За Светскиот ден на детето, донација на Бимилк во Детската клиника

21 ноември 2016, 13:10
  • cподели

По повод Светскиот ден на детето, вчера Бимилк донираше Битолско трајно млеко со 10 витамини за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје. Со овој хуман гест Бимилк продолжи со донаторските акции кои освен што имаат за цел да го разубават секојдневието на болните дечиња, ја збогатуваат и исхраната со еден од основните производи за здрав и правилен раст и развој.

„Не може да се опише чувството кога ќе ја видите насмевката на детските лица. Тоа е нашиот поттик како општествено одговорна компанија постојано да се стремиме да го поддржуваме и разубавуваме секојдневието на оние на кои тоа им е најмногу потребно. Консумирањето на млеко, особено витаминското млеко, е многу важно за здравјето на децата и поради тоа се одлучивме токму на Светскиот ден на детето на Детската клиника во Скопје да ѝ донираме Битолско трајно млеко кое ги содржи 10-те најзначајни витамини за правилен раст и развој. Им посакуваме на сите дечиња во болницата побрзо да оздрават и да ги задржат насмевките на своите лица” - изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Покрај донацијата на млеко, Бимилк им го разубави денот на децата во болницата со Битолското чупе и аниматорите облечени во костими на витамини кои играа со дечињата најразлични детски игри и ги анимираа за време на посетата.

Бимилк донација Бимилк донација Бимилк донација Бимилк донација

„Денес е прекрасен ден бидејќи децата во Детската клиника во Скопје имаат нов пријател кој се грижи за нивното здравје. Навистина сме благодарни на Бимилк бидејки цениме што оваа успешна македонска компанија мисли на здравјето на најмладите“, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.

Бимилк донација Бимилк донација

Бимилк како општествено одговорна компанија традиционално прави донации на своите производи на оние на кои тие им се најпотребни.

Бимилк донација Бимилк донација
Tags
Бимилк
Bimilk

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Државна лотарија

    Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

    Thu, 01/08/2026 - 11:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.