• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

БиМилк ќе го одбележи светскиот ден на школското млеко

24 септември 2012, 15:35
  • cподели

По повод одбележување на Светскиот ден на школското млеко – 26 септември, среда, компанијата БиМилк ќе организира дружење со деца од повеќе основни училишта. Овој светски ден кој традиционално се одбележува од 2000 година во голем број земји во светот, преставува одлична прилика за искажување на важностa од консумацијата на млеко во секојдневната исхрана на децата на училишна возраст.

Како компанија која годинава ја прославува 60-годишнината од своето постоење и ја знае важната улога на млекото во развојот на децата, БиМилк се одлучи за првпат во Македонија да го прослави Светскиот Ден на Школското млеко. Млекото и млечните производи се вистинско природно богатство од масти, протеини, минерали и витамини потребни за правилното оформување на коските, мускулите и останатите витални органи кај децата, па затоа нивното консумирање е гаранција за правилен и здрав развој. Компанијата за сите школарци од избраните основни училишта подготви многу забавни и едукативни игри, како и многу млеко и млечни производи. На манифестацијата децата од битолските основни училишта ќе имаат можност да ги претстават своите литературни и ликовни изработки, преку кои ќе ги презентираат своите размислувања за оваа исклучително важна намирница.

БиМилк – ден на школското млекоБиМилк ќе организира дружење со деца од повеќе основни училишта

„Грижата за децата и нивниот правилен раст и развој, отсекогаш претставувало приоритет во нашето работење, а со нашите производи пораснаа низа генерации. Овој светски ден е извонредна можност да се дружиме со школските деца и да ги едуцираме за важноста на правилната исхрана, а истовремено да им даруваме и млеко и млечни производи кои даваат енергија и помагаат полесно да се совладаат тешките умствени и физички задачи кои му претстојат на организмот во развој. БиМилк и во иднина ќе се труди да укажува на важноста од здравите прехрамбени навики и да внесува што е можно повеќе радост во детските срца” – изјави Полексена Ристеска, одговорна за маркетинг во БиМилк.

Веќе 60 години млекарницата е посветена на одржување и промовирање на здрав живот и здрава животна околина, а долгата традиција заедно со најсовремената технологија и континуираното унапредување на производните капацитети овозможуваат БиМилк секојдневно да ги задоволува желбите и потребите на потрошувачите. БиМилк и во иднина ќе остане посветена на реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која ѝ припаѓа.

Tags
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.