Во насока на будење на граѓаните на кои тоа им е најпотребно, но и по повод лансирањето на новите производи „Флерт Кафица“, Бимилк вчеравечер на неколку локации во Скопје ги изненади работниците што работат во трета смена со новиот производ.
Деновиве бевме сведоци дека на повеќе автобуски станици и локации низ целата територија на Скопје, Бимилк ги изненади граѓаните со вистинско утринско будење.
Синоќа битолчани имаа можност да уживаат на гала концерт со истакнати музичари. Љубителите на класичната музика ги проследија настапите на македонски и странски изведувачи во Народниот театар во Градот на конзулите.
Бимилк подготви супер изненадување! Битолското чупе, овој пат во зимско руво, ве носи на прекрасните падини на Пелистер, а сè што треба да направите е да споделите интересни фотографии од вашите годинешни зимски авантури.
Во есенските денови, кога сите се фокусираат на подготвување зимници и потешки јадења, изненадете ги вашите гости со едноставно мени од предјадење, главно јадење и десерт, и тоа сите 3 направени со омилената Битолска павлака.
Во организација на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битолa, вчера се одржа едукативно предавање на тема „Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата“, на кое Битолска млекара ја презентираше темата „Начини за партнерство со Млекара АД Битола и поддршка за млекопроизводителите при набавка на опрема“.
Во рамки на Јуниор програмата на 39-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој се одржува од 22 до 29 септември во Битола, компанијата Бимилк се јавува како главен покровител.