• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Бимилк поддржувач на Зелена Берза и едукативна работилница

30 октомври 2018, 12:45
  • cподели

Во организација на Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза“ од Битолa, вчера се одржа едукативно предавање на тема „Современа опрема за сточарство и начини на финансирање на истата“, на кое Битолска млекара ја презентираше темата „Начини за партнерство со Млекара АД Битола и поддршка за млекопроизводителите при набавка на опрема“. Предавањето беше во соработка со Синпекс ДОО Битола, а учество зедоа голем број сточари и фармери од регионот.

Зелена берза

Во рамките на еднодневниот настан, присутните имаа можност да ги чујат мислењата на врвни познавачи на областа, како и да се едуцираат за важноста за постојаното надградување на квалитетот на опремата и капацитетите на сопствените производствени погони, како и погодните начини за финансирање и поддршка што им се на располагање.

За најголемиот млекопроизводител во земјата ‒ Битолска Млекара, кој континуирано инвестира во македонската млечна индустрија на повеќе различни начини, особено во примарното производство на млеко, говореше Драган Илиевски – Директор на суровина во Млекара АД Битола.

Зелена берза

„Нашата индустрија ‒ индустријата за млеко и млечни производи, е еден од најважните сегменти во агро-индустрискиот комплекс. Особено ме радува тоа што постојат вакви иницијативи, бидејќи само со заемна соработка помеѓу млекопреработувачите, фармерите и релевантните институции, како и со заемна поддршка, размена на искуства и знаење, заеднички ќе оствариме позитивни резултати, раст и развој и одржливост, без оглед од која страна на процесот доаѓаме. Ние продолжуваме со нашата поддршка за нашите партнери кооперанти, независно дали станува збор за финансиска поддршка за набавка на нови квалитетни молзни грла, поддршка во унапредување на старите и изградба на нови капацитети, поддршка при набавка на нови системи и компјутерски системи за менаџмент на фармите и сл. Од исклучителна важност е да вложуваме во квалитетот на примарната суровина доколку сакаме да имаме квалитетни производи на полиците и да ги задоволиме нашите строги стандарди, а, се разбира, и барањата на нашите лојални потрошувачи, па, според тоа, би сакале да ги поттикнеме млекопроизводителите и тие самите да настојуваат и да вложуваат во своите фарми, а во насока на подобрување на ефикасноста.“

Зелена берза

На настанот беа разгледувани и дискутирани прашања од интерес на сточарите, а беа презентирани и последните достигнувања во опремата за сточарство, со акцент на млекопроизводството. Повеќе информации за настанот се достапни на следниот линк».

Комерцијален текст

Tags
Bimilk
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.