• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Незаборавен вкус и благопријатно дејство на новиот Битолски ГУСТ јогурт

20 декември 2016, 15:39
  • cподели

Велат дека за добрите работи во животот, вреди да се чека. На задоволство на сите сладокусци, од неодамна може секојдневно да се ужива со новиот Битолски густ јогурт на Бимилк! Овој јогурт со својата идеална густина, пробуди ново доживување во секојдневната исхрана на сите потрошувачи.

Битолски густ јогурт

Она што го прави новиот Битолски густ јогурт посебен, е тоа што има исклучителна крем-структура и незаборавен вкус кој останува во устата. Отсега сите гурмани и хедонисти, можат да уживаат во зголемената густина, која дава интензивен вкус и чувство на ситост и исполнетост.

Покрај вкусноста, Битолскиот густ јогурт е и значително добар и корисен за здравјето. Корисните бактерии од густиот јогурт кои се задолжени за ферментацијата го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Како и сите останати млечни производи на Бимилк, Битолскиот густ јогурт е исто така полн со витамини и минерали и е одличен извор на протеини. Само една чашка густ јогурт е значаен извор на калциум, магнезиум и калиум, како и фосфор, јод, цинк, витамин Б5 и Б12. Поради калиумот коj гo содржи во својот состав, за коj е клинички потврдено дека придонесува за намалување на крвниот притисок, Битолскиот густ јогурт има благопријатно дејство на организмот.

Спојувајќи го убавото и корисното, Бимилк преку густиот јогурт донесе гурмански вкус на јогурт на пазарот, кој истовремено делува корисно и на цревната флора, го смирува желудникот, го намалува присуството на желудачната киселина, а го чува и здравјето и функцијата на коските.

Битолски густ јогурт

Поради својата густина, Битолскиот густ јогурт може да се користи за подготовка на омилените сосови и салати, а е највкусен во комбинација со пецива, пити, но и со разни други видови храна со кои се надополнува.

Новиот Битолски густ јогурт доаѓа во ново практично ПЕТ-пакување од 1,5 кг, 1 кг, 500 г, 250 г за употреба во различни пригоди, а ПЕТ-пакувањето овозможува јогуртот да ја задржи својата свежина и неколку денови по неговото отворање.

Промотивен текст

Tags
битолски јогурт
Бимилк

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Државна лотарија

    Новогодишен „JINGLE BETS“ МЕГАВИН караван на Државна лотарија

    Thu, 01/08/2026 - 11:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.