На Викторија Бекам ѝ беше врачена наградата за „Специјален придонес за британската мода“. На доделувањето познатата дизајнерка беше придружувана од својот најголем син Бруклин.
Гвен Стефани изгледаше како модерна самовила во шарен макси фустан во Лос Анџелес. 44-годишната пејачка сè уште нема официјално потврдено дека е бремена, но нејзиното стомаче гласно говори дека таа го очекува своето трето дете.