Лејди Гага стана првата жива личност што успеала да достигне 10 милиони обожаватели на Facebook, надминувајќи го бројот на обожаватели на американскиот претседател Барак Обама и актерот Вин Дизел.
Кристијано Роналдо стана татко на машко дете. На неговиот веб сајт и на неговите страни на Facebook и Twitter вчера вечерта се појави соопштение од самиот Роналдо во коешто тој објавува дека станал татко, но не го открива идентитетот на мајката на бебето.
Слушнете го новиот сè уште необјавен албум на Кајли Миног плус две други песни кои не се дел од албумот и шпанската верзија на популарната „All The Lovers“ – „Los Amores“.
Шармантната актерка Оливија Вајлд е прогласена за најсекси вегетаријанка за 2010-та година од страна на организацијата за заштита на правата на животните ПЕТА. Од машките вегетаријанци, за најсексапилен беше прогласен личниот тренер Боб Харпер.
Бритни Спирс во соработка со Candies креираше колекција на облека и модни додатоци. Погледнете ја модната ревија на која беше претставена новата колекција на Бритни.
Лејди Гага позираше како маж за фотографот Ник Најт. Фотографиите на кои е прикажана Гага во машка облека треба да се појават во септемвриското издание на Vogue Hommes во Јапонија. Погледнете ги.
„Форбс“ ја објави овогодишната листа на најмоќните личности од светот на шоу-бизнисот. Опра Винфри, Бијонсе, Лејди Гага, Бритни Спирс и Џејмс Камерон се во првите 10. Погледнете кој друг успеа да си обезбеди место на листата.
Американските медиуми денес објавија дека Меган Фокс и Брајан Остин Грин тајно стапиле во брак. Младиот пар не чекаше долго по втората свршувачка и го кажа судбоносното „да“ на интимна церемонија во Хаваи.
Крис Браун, Алиша Кис и Еминем ја освоија публиката на вчерашното доделување на BET наградите во Лос Анџелес. Најзапаметена сепак ќе остане емоционалната изведбата на Крис Браун, кој не успеа да ги задржи солзите за време на настапот во чест на неговиот најголем идол Мајкл Џексон. Погледнете го емоционалниот настап.
Навистина Гага многупати успеваше да ја победи гравитацијата со нејзините нестандардни обувки, но тоа не било случај вчера на аеродромот Хитроу во Лондон. Ексцентричната пејачка изгубила рамнотежа и се спружила на земјата поради енормно високите чизми.