Почетна » Убавина и мода » Тело » Најчесто поставувани прашања за фотодепилаторот Philips Lumea

Најчесто поставувани прашања за фотодепилаторот Philips Lumea

Фотодепилаторот Philips Lumea е остварување на женскиот сон за мазна и нежна кожа. Уредот кој ветува намалување на растот на влакната до 75% по само 3-4 третмани го разбуди љубопитството на многу дами, а поттикна и бројни прашања.

Philips Lumea

Со идејата да ги разјасниме дилемите и да ги потенцираме фактите, д-р Вероника Давчева Битољану, специјалист дерматовенеролог, одговора на најчесто поставуваните прашања за фотодепилаторот.

Дали третманите со Philips Lumea се потполно безболни?

- Се разбира. Апсолутно не чувствувате болка додека ја третирате кожата. Може да почувствувате топлина додека блескате, но тоа е само во делче од секундата додека трае импулсот. Но, болка НЕ.

Philips Lumea

Дали еден уред Philips Lumea може да се користи од повеќе лица?

- Да, еден ист уред може да се користи од повеќе личности. Нема никаков проблем ниту од гледна точка на хигиената.

Важно е само да ги следите инструкциите за чистење и одржување кои се наведени во упатството за употреба. Накратко, неопходно е да ги чистите додатоците и прозорецот за излез на светлина пред и по секој третман. За чистењето се користи крпчето кое доаѓа заедно со уредот и неколку капки вода. Без многу притисок избришете ги овие делови за да се уверите дека нема нечистотии или евентуално влакненца.

Треба ли да се избричам пред третманот?

- Кожата треба да биде мазна и чиста на зоните кои планирате да ги третирате, т.е. да нема влакна. Препорачувам да се избричите непосредно пред третманот.

Philips Lumea

Смее ли да се користи Philips Lumea од личности кои имаат бенки по кожата?

- И лицата кои имаат бенки по кожата може да го користат уредот.

Доколку имате само неколку големи бенки, едноставно заобиколете ги и третирајте ја кожата околу бенките. Ако имате многу ситни бенки, заштитете ги од импулсите светлина со помош на бело моливче (за шминкање на очи). Обојте ги малите бенки. Се препорачува моливчето да биде бело, затоа што темните бои ја апсорбираат светлината, додека светлите ја одбиваат.

Во секој случај, не блескајте врз самите бенки.

Колку често треба да го користам?

- Првите четири третмани со Philips Lumea треба да ги правите на растојание од 2 недели. Откако со тоа ќе ги постигнете оптималните резултати, ќе преминете во фаза на одржување.

За кожата да ви остане мазна, советувам да го повторувате третманот на секои 4-8 недели. Времето помеѓу третманите варира од жена до жена, бидејќи зависи од индивидуалниот раст на влакната, но и од зоната на телото.

Ниту една област на телото не треба да ја третирате почесто од еднаш на секои две недели.

Дали може да се користи на лицето/препоните/пазувите?

- Моделот Philips Lumea Prestige има специјални додатоци за третирање на несаканите влакна на лицето (над усните, брадата, вратот, бакенбардите) и бикини зоната.

И додатокот за лице и додатокот за бикини се соодветни за третирање на пазуви, бидејќи нудат поголема прецизност.

Philips Lumea

Безбеден ли е уредот за личности со испукани капилари по нозете? А при егзема?

- Philips Lumea не може да предизвика проширени капилари и е подобра опција во споредба со класичната депилација.

Не го користите уредот ако страдате од егзема или имате инфекција, изгореница, херпес или рана на кожата која сакате да ја третирате.

Колку време трае една сесија за третирање на сите проблематични зони?

- Третманите со Philips Lumea не одземаат многу време. Како што ќе се зголемува вашето искуство, така времетраењето на третманите ќе се намалува.

За да поминете една потколеница во просек се потребни 8 минути. За цела нога ќе ви требаат околу 14 минути, за бикини зоната 4 минути, за една под пазува 1 минута и за лицето 1 минута.

Philips Lumea

Дали употребата на Philips Lumea има штетно влијание на кожата?

- Не, досегашните испитувања и искуства покажуваат дека уредот е безбеден за користење. Технологијата IPL веќе 20 години се користи во професионалните салони за убавина и НЕМА регистрирани случаи кои укажуваат на негативен ефект врз здравјето.

Како да знам дека Philips Lumea е соодветен за мојата кожа и дали ќе биде ефективен за моите влакна?

- Уредот е ефективен за отстранување на црни, кафеави и темно руси влакна, а не е погоден за црвени, светло руси и бели/седи влакна.

Што се однесува до бојата на кожата, не се препорачува само за црна кожа. Во табелата прегледно е претставено во кои случаи производот е соодветен за вас, а во кои случаи не.

Philips Lumea

Какви се препораките за Philips Lumea за време на бременост и доење?

- Уредот не треба да се употребува ако сте бремена или доилка. Штом ќе прекинете со доење, нема потреба да чекате и веднаш можете да продолжите со третманите.

Philips Lumea

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.