Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ бои на лакови и стилови на маникир – есен/зима 2013

Топ бои на лакови и стилови на маникир – есен/зима 2013

Преминете на темната страна со маникирот. Збогувајте се со пастелните и неонските нијанси кои нè разведруваа во топлите сончеви денови и паднете на шармот на мрачните нијанси кои асоцираат на луксуз и мистериозност.

Поддржете го враќањето на црниот маникир, дајте му шанса на футуристичкиот металик отсјај, не игнорирајте ја моќта на „голите“ нокти и класичниот црвен маникир и не прескокнувајте ги лаковите со светки или со мат финиш.

Модерни лакови за нокти

Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013Модерни лакови есен 2013

Допадлив тиркиз

Во скоро време не очекувајте тиркизниот маникир магично да прекине да освојува со хармоничниот и успокојувачки спој на сино и зелено.

Опаѓањето на температурите ги актуализира помистичните нијанси на тиркизот.

Драматичност во виолетово

Избирајте ги најмрачните виолетови нијанси за возбудлива драматичност на вашите раце.

Темниот виолетов маникир е софистициран, а потсетува и на луксузот на скапоцените камења.

Впечатливо црно

Црниот маникир подолго време немал толку многу фанови. Враќањето на панкот и гранџот на модната сцена, ја засили привлечноста на црните нокти.

Се препорачува на црниот маникир да му додадете „зачин“, во форма на исцртана линија или лента во друга боја, прилепен метален акцент или светкав елемент. Не пропуштајте да поекспериментирате и со црн лак со мат финиш.

Во склад со бојата на кожата

Маникирот кој ја копира бојата на кожата, верувале или не, беше најзастапен на модните писти, а неретко доминира и на црвениот тепих.

„Бежовото“ обојување на ноктите ја потенцира нежноста на женските раце.

Винска магија

Бордото како силно црвено вино го опива погледот.

Лакот кој ја имитира бојата на бургундецот нека ви биде на дофат на рака, затоа што со него за неколку минути може да постигнете попрефинет и полуксузен изглед.

Футуристички металик

Вклучете се во „металик“ манијата, која оваа сезона ги зафати сенките за очи, но и маникирите.

Футуристичкиот сребрен маникир добива сè поголема популарност.

Класика во црвено

Класичниот црвен маникир тешко може да биде „турнат“, бидејќи оддава ретро привлечност која инстантно освојува.

Кога сакате моќен и сексапилен изглед, самоуверено посегнете по црвен лак.

Хипнотизирачко преливање на бои

Лаковите во кои се преливаат неколку бои исто како разлеано гориво на површината на вода за првпат добиваат место меѓу најсилните трендови.

Светки во улога на накит

Претворете ги ноктите во „накит за раце“ со лакови со светки. Не се плашете да претерате со блесокот.

Сепак, доколку не сте фанови на премногу светкави маникири, експертите советуваат да ги налакирате ноктите со безбоен или бежов лак, а потоа со светкав лак да ги премачкате само врвовите на ноктите.

Должина и облик на ноктите

„Бадем“ форма

Инспирирајте се од формата на бадемите ако имате долги нокти. Преферирајте позаоблени врвови за да го зачувате елегантниот и нежен изглед. Заострените врвови нека останат за поп-ѕвездите кои целат кон поексцентричен изглед, односно кон „stiletto“ стил.

Нокти со „бадем“ формаНокти со „бадем“ форма

Овален облик

Доколку формата на бадем не се вклопува во вашиот стил и сакате покласичен изглед, насочете се кон овалниот облик.

Овални ноктиОвални нокти

Заоблена правоаголна форма

Кратките нокти обликувајте ги во правоаголна форма. Но, аглите на горниот дел од ноктите најдобро е да бидат заоблени.

Правоаголни нокти со заоблени аглиПравоаголни нокти со заоблени агли

Популарни стилови – минималистички маникир

Деталното цртање на мали уметнички дела на ноктите не е толку актуелно и сè повеќе сила добива минималистичкиот пристап кон дезенирањето на ноктите.

Доволно е да исцртате една или неколку линии на ноктите, да си направите двобоен маникир во стилот „пола-пола“, или пак, да нацртате полумесечинка или триаголник во друга боја за да имате впечатлив маникир.

Минималистички дезени

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.