Почетна » Убавина и мода » Мода » Стефанија Насеска, Guess, Terziya… Новите колекции од дигиталниот Моден викенд Скопје

Стефанија Насеска, Guess, Terziya… Новите колекции од дигиталниот Моден викенд Скопје

Моден викенд Скопје оваа сезона можеби ги прескокна модните писти поради препораките за заштита од коронавирусот, но не пропушти да ја изгасне жедта на македонските модни ентузијасти.

Под слоганот „FWSK goes DIGITAL“, оваа сезона Моден Викенд Скопје ѝ овозможи на публиката да ги проследи „ревиите“ од дома.

Преку едиторијали и видеа, беа презентирани дизајнерските парчиња на кои изминатиот период работеа модните креатори и брендови.

Прошетајте со поглед низ осумте колекции:

Terziya

Новата колекција на накит и облека од брендот Terziya го опишува екот на минимализмот во вечерните изгледи кон крајот на седумдесетите години во Њујорк.

Накитот е дваесет и четири каратна позлата со жолто злато изработена во Бразил со полудраги и драги камења од проверено потекло, надополнет со кожа од питон на одредени примероци и природни кристали. Оваа колекција накит гаи посебна естетика на безвременска елеганција, истовремено носејки ги благодетите на природните камења. Начинот на изработка дозволува камењата да бидат во постојан допир со вашата кожа, со цел да го почувствувате влијанието и енергијата на каменот што сте го одбрале.

Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya Terziya

Видео

„Candy Love“ на Стефанија Насеска

Дизајнерката Стефанија Насеска се враќа на македонската модна сцена. Нејзината „камбек“ колекција со наслов „Candy Love“ e визуелна ода за љубовта во пастелни нијанси.

Најзастапена е розовата боја во комбинација со шаренило од слатки и нежни тонови кои будат чувство на радост. Посветена е на убавите моменти во животот, а носи една и единствена порака: Ширете љубов!

Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска

Видео

„Vibrant Muse“ на Блерта Османи

„Vibrant Muse“ е називот на колекцијата од младата и талентирана Блерта Османи, инспирирана од мексиканската култура, уметноста и воодушевувачките автопортрети на Фрида Кало.

Палетата на бои, како и везовите и цветните дезени на креациите, автентично ја отсликуваат мексиканската традиција и самата уметница, феминистичка икона и муза на стилот.

Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи Блерта Османи

Видео

„FemmEPIRE“ на KTN

Модното ателје KTN на сестринското трио Ангелина, Ива и Сандра Китановски, дебитира на настанот со „FemmEPIRE“. Следејќи ја француската нота на кројот, колекцијата гласно говори за добро позната состојба на духот, каде со едноставен спој на црното и белото се слави женската силуета и женскиот потенцијал. Елеганција забележана како танцува помеѓу стиловите: ниедна империја не е создадена за еден ден.

KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN KTN

Видео

Guess

За пролет/лето 2020, инспирацијата за Guess колекцијата доаѓа од ултра гламурозниот Беверли Хилс. Моделите се во пастелни тонови со изразена силуета, полни со енергија и разиграност. Кај мажите пак, боите се јаки, кроевите храбри со доза на ретро елементи и интересни принтови за свеж, младешки изглед.

Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess Guess

Видео

SIGMA Jewelry

Брендот за ексклузивен италијански накит SIGMA Jewelry, одново мами воздишки со новата префинета колекција за тековната сезона. Сите припаднички на понежниот пол со истанчен вкус за аксесоари, несомнено ќе се вљубат на прв поглед во раскошните сетови ланчиња, обетки и прстени, затоа што му даваат исклучително благородна нота на севкупниот изглед.

SIGMA Jewelry SIGMA Jewelry SIGMA Jewelry SIGMA Jewelry SIGMA Jewelry SIGMA Jewelry SIGMA Jewelry

Видео

Magnetik Gallery

Најголемиот луксузен мултибренд во Skopje City Mall, Magnetik Gallery се претстави со гламурозни и екстравагантни парчиња од своето портфолио на врвни брендови: Max Mara Studio, Max Mara Leisure, Marella, Weekend Max Mara, Sportmax, Liu Jo, Patrizia Pepe, PINKO, Joseph Ribkoff и Paul&Shark.

Новите сезони ни носат нови модни трендови, меѓу кои комбинирањето на спортско со елегантно, со најголем фокус на впечатливите патики како клучно парче во секоја комбинација. Деним јакна во комбинација со лежерен свилен фустан. И секако спортски гламур како трендот кој допрва ќе се истакне.

Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery Magnetik Gallery

Видео

„White Stone“ на Евгенија Зафировска

Колекцијата на „White Stone“ so потпис на Евгенија Зафировска е изработенa од природни материјали, а надополнетa со чипка и елементи од рециклиран материјал. Преовладуваат белата и светлите бои, со микс на геометриски образци и простор за создавање чувство на проток и нежни струи.

Во креациите на македонската дизајнерка со љубљанска адреса е постигнат совршен баланс помеѓу архитектурата и природата. Инспирација за нивната грациозност и одржливост претставува белиот брачки камен од кој е изградена Диоклецијановата палата.

Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска Евгенија Зафировска

Видео

Извршен продуцент на дваесет и првото дигитално издание на Моден Викенд Скопје е Света Богова Јовановска. Таа се погрижи за сите фотографии, со исклучок на едиторијалот на Terziya, за кој беше задолжен Амел Амед.

Видеата се дело на Кристијан Шемко и Марина Трајковска, додека автор на музиката е Gloomié. Екипата што придонесе кон успешна реализација на проектот ја сочинуваат: Милан Атанасов, Мајкл Шемкоски, Дамјан Корубин, Виктор Цветановски и Александар Петрушев.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11530 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.