Почетна » Убавина и мода » Мода » Најдобрите невестински фустани – есен 2014

Најдобрите невестински фустани – есен 2014

Сензуални и романтични венчаници доминираа на белите ревии во Њујорк. Дизајнерите на невестински фустани ги презентираа колекциите за сезоната есен 2014 за да им дадат на идните невести доволно време за планирање на големиот ден.

Класичните волуменозни фустани кои потсетуваат на принцези завладеаја на пистите, но не беа ретки ни креациите кои напомнуваат на силуета на сирена.

Monique Lhuillier

Винтиџ цветна градина ги разубави ѕидовите на просторијата во која Моник Лулие ја презентираше новата колекција во која се наѕираше „раскош со лесен допир“. Бели, бежови и запрашени нијанси на лавандула ги обоија венчаниците на талентираната креаторка.

Monique Lhuillier Monique Lhuillier

Romona Keveza

Ромона Кевеза ја започна ревијата со елегантни вечерни фустани кои ја нагласуваа женската фигура. Следуваше колекцијата „Legends“ за невестите кои ја сакаат традицијата. Креациите ја рефлектираа софистицираноста и безвременската убавина на Грејс Кели.

Romona Keveza Romona Keveza

Jenny Packham

Волшебна леснотија царуваше на ревијата на Џени Пекам, една од омилените дизајнерки на војвотката Кетрин. Прославувајќи ја 25-годишнината од создавањето на брендот, Пекам претстави фустани кои блескаа со екстравагантни детали од кристали.

Jenny Packham Jenny Packham

Marchesa

Колекцијата „Тајна градина“ на Џорџина Чепмен и Керен Крег вклучуваше фустани за секоја невеста – од принцески до модерни коктел венчаници. Извезените цветни детали и романтичните набори ги зачинија едноставните силуети.

Marchesa Marchesa

Vera Wang

„Размислувајте розово“ е пораката која ја испрати Вера Ванг со новата колекција. Кралицата на венчаниците ја игнорираше традиционалната бела боја, презентирајќи фустани во розови и корални нијанси. Големи цветови ги красеа повеќето креации кои се инспирирани од филмови како „Funny Face“ и „Gentlemen Prefer Blondes“.

Vera Wang Vera Wang

Dennis Basso

Колекцијата на брендот Денис Басо за Клајнфилд беше инспирирана од холивудските ѕвезди од минатото, како Одри Хепберн, но и кралските невести.

Dennis Basso Dennis Basso

Naeem Khan

Наим Хан ја претстави својата прва невестинска колекција, инспирирана од местата на кои девојките се заколнуваат на вечна љубов – град, плажа или градина. Креациите се украсени или со цветни апликации или со елементи во арт деко стил.

Naeem Khan Naeem Khan

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.