Амира ал Тавил е поранешна принцеза од Саудиска Арабија и една од најинспиративните фигури од Блискиот Исток.
36-годишната хуманитарка е позната по нејзината егзотична убавина и стил, но уште повеќе по нејзиниот неуморен активизам за правата на жените.
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Амира во моментов е во брак со емиратскиот милијардер Калифа бин Бути ал Мухаири, како негова втора сопруга. Рангирана е на четвртото место на листата на највлијателни жени во Блискиот Исток, а на Twitter ја следат повеќе од 1,5 милион корисници.
Претходно, убавата Арапка беше во брак со принцот на Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал, кој се вбројува меѓу најбогатите луѓе на светот. Додека траел нивниот брак, Амира ја имала улогата на заменик-претседател на Al-Waleed bin Talal Foundation, добротворна и филантропска фондација посветена на општествениот развој, унапредување на правата на жените и овозможување брза помош на жртвите на природни катастрофи.
Како член на одборот на Silatech, организација која се занимава со вработувања и поттикнување на економската независност на младите луѓе на Блискиот Исток, Амира има блиска соработка со шеика Моза бин Насер.
 Шеика Моза, принцезата Амира и останатите членови од одборот на Silatech на годишен состанок
Шеика Моза, принцезата Амира и останатите членови од одборот на Silatech на годишен состанок
 
 Шеика Моза, принцезата Амира и принцот Алвалид за време на добротворниот настан „Reach Out To Asia“ во Катар
Шеика Моза, принцезата Амира и принцот Алвалид за време на добротворниот настан „Reach Out To Asia“ во Катар
 Принцезата Амира и принцот Алвалид во посета на камп на жртви од глад во Сомалија
Принцезата Амира и принцот Алвалид во посета на камп на жртви од глад во Сомалија
 
 
Амира го запознала принцот на Саудиска Арабија, Алвалид бин Талал, кога имала само 18 години. Тој бил 28 години постар од неа и веќе разведен од две сопруги. Се венчале по неколку години, но бракот на кралскиот пар траел само 6 години.
Во интервју непосредно по разводот во 2013 година, принцот Алвалид изјавил: „Официјално се разделив од принцезата Амира ал Тавил, но таа останува личност за која имам огромна почит“. Поранешните сопружници сѐ уште соработуваат, а Принцот потполно го поддржува нејзиниот ангажман за културниот напредок на арапскиот свет и за подобрувањето на правата на жените.
 
 
 
 
 
Со секое појавување на јавен настан, Амира мами воздишки со стилот. Таа им го привлече вниманието на фоторепортерите и љубителите на модата како една од најдобро облечените гостинки на свадбата на принцот Вилијам и војвотката Кетрин во 2011 година. Нејзиниот моден избор беше розова креација од Зухаир Мурад. Фризурата на тогашната принцеза беше прогласена за најдобра на кралската свеченост.
 Принцезата Амира и принцот Алвалид пристигнуваат на свадбата на принцот Вилијам и војвотката Кејт
Принцезата Амира и принцот Алвалид пристигнуваат на свадбата на принцот Вилијам и војвотката Кејт
 
 
 
 
Истата година, Амира се запозна со принцот Чарлс на банкет во „Кларенс Хаус“, а во јули следната година, Амира имаше чест да се сретне со кралицата Елизабета за време на поло меч во Лондон, каде блесна во крација од Ралф и Русо.
 Принцезата Амира и принцот Чарлс на хуманитарен настан во Clarence House
Принцезата Амира и принцот Чарлс на хуманитарен настан во Clarence House
 
 
 
 
 
 
 
Принцезата Амира има високо образование од областа на бизнис администрацијата, а дипломата ја стекнала од универзитетот во Њу Хејвен. Оттогаш започнала нејзината кариера и хуманитарен активизам, за време на кои посетила над 70 различни држави. Таа е заслужна и за отворање на Центарот за исламски студии на Кембриџ, каде што од принцот Филип од Единбург примила медал за нејзината исклучителна филантропија. Добитничка е и на бројни други награди и признанија, а соработува со светски политичари, меѓу кои Хилари Клинтон и кралицата Ранија од Јордан.
 Амира и принцот Филип од Единбург
Амира и принцот Филип од Единбург
 Амира ја прима наградата „Woman Personality Of The Year“
Амира ја прима наградата „Woman Personality Of The Year“
 
 
 Амира прима награда за нејзината хуманитарна работа од директорот на ITP, една од најголемите издавачки компании на Блискиот Исток
Амира прима награда за нејзината хуманитарна работа од директорот на ITP, една од најголемите издавачки компании на Блискиот Исток
 
 
Амира е долгогодишен гласноговорник за правата на жените и своите мислења често ги споделува на странските медиуми. Токму ваквиот нејзин активизам е една од причините кои довеле до распаѓање на бракот со принцот Алвалид. Тој морал да прифати да се разведе од Принцезата поради притисокот од страна на неговиот брат, принцот Калид, кој сметал дека јавните појавувања на Амира се неприфатливи. Осуден бил и нејзиниот ангажман за правото на жените од Саудиска Арабија да возат, нешто за кое тие се изборија дури во 2017 година. Нејзе ѝ било дозволено да вози додека престојува во Европа или Америка, но и во пустините во Саудиска Арабија, а тоа исто така го предизвикувало револтот на кралското семејство.
 Принцезата Амира во придружба на принцот Алвалид, Бил Гејтс и Надја Баќурји, архитектка и главна секретарка во Al-Waleed bin Talal Foundation
Принцезата Амира во придружба на принцот Алвалид, Бил Гејтс и Надја Баќурји, архитектка и главна секретарка во Al-Waleed bin Talal Foundation
 Принцезата Амира и принцот Алвалид во посета на Гудлак Џонатан, претседателот на Нигерија
Принцезата Амира и принцот Алвалид во посета на Гудлак Џонатан, претседателот на Нигерија
Во интервју за CNN, Принцезата објасни дека околу 57% од жените во Саудиска Арабија се образовани. „Ние, жените, сме многу образовани, но не сме организирани. Создаваме мрежа од првите жени-лидери во Саудиска Арабија. Има жени кои се лидери во различни области. Тие се сретнуваат, поставуваат приоритети и разговараат за тоа како да се справат со нив и како нивните залагања да стигнат до вистинските луѓе. Ова е чекор за кој мислам дека ќе донесе позитивни промени. Се започнува од граѓанските права. Досега, нема пишани граѓански права што се однесуваат на жените кои се граѓанки на Саудиска Арабија. Министерството за правда работи на случајот. Како и да е, правата не се даваат, туку се земаат. Останува на нас што сакаме да случи со нашите права“ - вели таа.
 Принцезата Амира во посета на училиште во Гана
Принцезата Амира во посета на училиште во Гана
 
 
 
Во неколку интервјуа за CNN, NBC и Times, принцезата Амира се изјасни против старателството над жените во Саудиска Арабија од страна на сопруг, брат, татко или кој било друг маж. Воедно, таа се бори и против забраните за самостојни одлуки, занимавање со спорт, самостојно патување, финансиска самостојност и индивидуално заработување. „Не верувам дека забраните ќе продолжат вечно да постојат. Верувам дека оваа е генерација на млади луѓе во Саудиска Арабија која ќе ги забрза промените во нашата земја“ – вели Принцезата.
 
 
 
 
 
 
Амира стапи во брак со вториот сопруг, Калифа бин Бути, во септември 2018 година на церемонија во Париз, на која присуствуваше и Опра Винфри. Строго било забрането фотографирање на свеченоста. Парот му посака добредојде на овој свет на синчето Зајед во август минатата година.
 
 
 
Амира е и понатаму неуморна на планот на хуманитарните активности и културно-социјалниот ангажман. За време на своето патување на Малдивите, Принцезата беше прогласена за најубавата жена што некогаш ги посетила овие острови. За себе вели дека сака да ги надминува работите од кои се плаши. Интервјуто во врска со жените-возачи во Саудиска Арабија го завршува со зборовите: „Обидете се да бидете самостојни и направете го тоа на сопствен начин. Ќе ви се допадне“.
 
 
 
 
 
 
 
		 

 
 
 
 
