Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 трендови кај обувките – зима 2013

10 трендови кај обувките – зима 2013

Зимата е на прагот, а ниските температури нè принудуваат што подобро да ги заштитуваме стапалата од ветровитото и влажно време. Новите трендови на прво место се практични, затоа што предлагаат обувки во кои вреди да инвестирате и кои ќе сакате да ги задржите долги години во плакарот.

Обувките можеби ги облекуваме последни пред да го преминеме куќниот праг, но тоа не значи дека имаат слабо влијание врз комплетниот стилски впечаток. Фрлете поглед на трендовите кои ќе царуваат во најстудената сезона.

Високи чизми преку колена

Високи чизми преку колена

Ултра високите чизми кои ги покриваат колената се највпечатливиот тренд кај зимските обувки, а не им одолеа ниту првата дама на САД. Тие се знак на самодоверба, но и мал моден предизвик.

Пред да се вратат на модната сцена пред неколку години, жените ги избегнуваа превисоките чизми поради асоцијацијата со еротиката и сексот. Побезгрижен избор се моделите со рамна и ниска потпетица, затоа што помалку треба да внимавате со комбинирањето на облеката. Од друга страна, превисоките чизми со висока штикла бараат стратешки комбинации кои не вклучуваат премногу кратки и тесни здолништа или предлабоки деколтеа.

Како мини тренд се издвојуваат таканаречените чизми-чорапи, односно високи чизми кои се тесни како чорапи.

Чизми до глужд со метални детали

Чизми до глужд со метални детали

Металните детали со златен или сребрен финиш се како накит за чизмите и визуелно го збогатуваат вашиот аутфит. Токи, нитни, шајбни, апстрактни елементи... сè што има малку метален сјај се поклопува со дизајнерските визии за студените месеци.

Шик шпиц

Шик шпиц

Шпицот буквално завладеа во модниот свет. Пистите, црвениот тепих и улиците на модните метрополи се преплавени од дамски чевли со заострен врв. Дизајнерите речиси се откажаа од предната платформа и заоблените обувки, насочувајќи се кон елегантни силуети кои им даваат грациозност на женските нозе.

„Јавачки“ чизми

Јавачки чизми

Чизмите во јавачки стил се чиста класика и никогаш нема да останат занемарени во зима. Со нив безгрижно ќе газите за време на дождливите и снежни денови, а вашите стапала ќе ви бидат благодарни за комфорниот избор.

Бунтовни „моторки“

Бунтовни моторки

Навраќањето на гранџот и панкот за нова модна инспирација неизбежно оди рака под рака со популаризирањето на моторџиските чизми, а донекаде и на чизмите во војнички стил. Нивниот груб изглед може да биде пикантен зачин за женски комбинации кои говорат за беспрекорен стил.

Црно и бело е сè

Црно и бело е сè

Модниот свет сè уште е под силната маѓија на класичната црно-бела комбинација. Преминувајќи преку облеката, оваа тенденција стигна до женските нозе и динамично затанцува на обувките.

Двобојни чизми

Двобојни чизми

Продолжување на силниот тренд „колор-блокинг“ се забележува кај чизмите кај кои две бои се судираат со остра граница помеѓу нив.

Диви и сексапилни

Диви и сексапилни

Дизајнерите не можат да го игнорираат повикот на дивината. На прво место ставете го леопардскиот, а на второ змискиот принт, но „во игра“ се сите животински дезени. Луксузната текстура која имитира змиска кожа ги прекри сексапилните модерни обувки.

Триаголна потпетица

Триаголна потпетица

Комфорни и лесни за движење, чизмите со полна потпетица даваат издолжување на нозете, без намалување на стабилноста. Низ дизајнерските колекции најчести се чизмите кои се ниски во предниот дел и имаат триаголна потпетица. Неретко ваквите модели се искомбинирани со шпиц.

„Гламурозни“ патики

Гламурозни патики

Навистина неочекувано, патиките влегуваат на територијата на гламурот. Независно дали се со висока полна потпетица или ниски, модерните патики се украсени со метални детали со златен или сребрен отсјај, златни патенти или додатоци на патентите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10616 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.