Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Ќе ве врати во детството: Вкусен солен колач со спанаќ

Ќе ве врати во детството: Вкусен солен колач со спанаќ

Има моменти кога сите сакаме да се вратиме во детството, а честопати одредени ароми и вкусови ни евоцираат спомени токму од тие безгрижни денови.

Ви предлагаме да направите солен колач со спанаќ кој несомнено ви го приготвувале вашите мајки и баби.

Солен колач со спанаќ

Овој лесен и вкусен рецепт ќе биде обожаван од целото ваше семејство.

Состојки

100 мл масло Брилијант
100 мл млеко
4 јајца
200 гр сецкан спанаќ
200 гр сирење
2 ќесички прашок за пециво Витаминка
300 гр брашно
прстофат сол
сусам
Солен колач со спанаќ

Подготовка

  1. Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете ги со миксер. Постепено додавајте ги млекото и маслото и продолжете да матите за да се соединат.
  2. Додајте ги брашното и двете пецива. Добро промешајте.
  3. Сирењето по желба издробете го или изрендајте го и додајте го во смесата заедно со исецканиот спанаќ. Посолете и повторно промешајте.
  4. Целата смеса ставете ја во тава број 38 претходно премачкана со масло и поросена со малку брашно. На површината ставете сусам.
  5. Печете околку половина час во загреана рерна на 200°С.
Солен колач со спанаќ Солен колач со спанаќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11117 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.