Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Чоколаден колач

Чоколаден колач

Трагате по чоколаден деликатес кој ќе го приготвувате повторно и повторно? Ви предлагаме чоколаден колач со сунѓереста основа и кремаст слој во кој ќе се заљубите по првиот залак.

Состојки

Пандишпан

2 шолјишеќер
2 шолјибрашно
½ шолјамасло
2 лажицикакао
½ литарјогурт
1 лажичкасода бикарбона

Фил

200 мл.млеко
9 лажицишеќер
200 гр.чоколадо за готвење
2 лажицикакао
250 гр.маргарин (1 коцка)

Подготовка

  1. Во длабок сад ставете ги јогуртот и маслото и мешајте со миксер. Постепено додавајте ги останатите состојки за пандишпанот. Мешајте со миксерот додека смесата не се соедини.
  2. Добиената смеса претурете ја во тава број 32, претходно премачкана со масло и поросена со малку брашно. Разнесете ја смесата рамномерно и ставете ја да се пече на 220°C околу половина час. Извадете го пандишпанот од рерната и оставете го да се олади.
  3. Млекото ставете го во длабок сад на оган. Откако ќе започне да врие, веднаш додајте ги во него шеќерот и какаото наменети за филот и чоколадото за готвење. Мешајте додека да почне да се згуснува. Тргнете го филот од оган и оставете го да се лади. Важно е да не дозволите филот премногу да се олади.
  4. Во одделен сад измешајте го маргаринот со миксер, а потоа во него додајте го направениот фил. Повторно промешајте за да добиете хомогена смеса.
  5. Врз изладениот пандишпан, нанесете го филот и размачкајте го рамномерно по целата површина.
  6. За крај, изрендајте одгоре чоколадо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11093 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.