Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Хумус – најздравиот намаз во три домашни варијанти кои примамуваат

Хумус – најздравиот намаз во три домашни варијанти кои примамуваат

Хранлив, посен и богат со протеини... Хумусот е „цар“ во здравата исхрана, особено кога се стремите да консумирате што повеќе намирници од растително потекло.

Се приготвува екстремно брзо, а може да се складира во фрижидер со денови, па кога и да сакате здраво мезе или лесен оброк, ќе ви биде на дофат.

Основата, која обединува наут, лимонов сок, таан, маслиново масло и лук, може да биде надградена со неброени состојки за секогаш да изненадувате со нови и нови вкусови, па и бои.

Покрај „стандардната“ варијанта, ние експериментиравме со спанаќ и цвекло за поколоритна трпеза. Еве и како:

Хумус

Состојки

240 гр наут (1 конзерва)
2 лажици таан
1 лимон цеден
2-3 лажициекстра девствено маслиново масло Брилијант
2-3 чешниња лук
сол
Хумус

Подготовка

1

Во блендер ставете таан и исцедете го лимонот. Накратко блендирајте.

2

Додајте ги маслиновото масло и лукот иситнет на мали парчиња или истолчен. Блендирајте една минута.

3

Во смесата прво изблендирајте половина од наутот, а потоа додајте го и преостанатиот наут и посолете по вкус.

Совет: Доколку користите наут од конзерва, зачувајте дел од течноста, која се нарекува аквафаба. За да добиете помазен и покремаст хумус, на крајот можете да додадете неколку лажици „аквафаба“ или маслиново масло или вода.

Хумус

Варијанти: За зелениот хумус, искористете 100 грама бејби спанаќ, а за розовиот – две парчиња цвекло (варено или печено).

Хумус Хумус Хумус Хумус

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8877 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.