Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Празничен десерт: Велигденски гнезда со чоколадни „Весели јајца“

Празничен десерт: Велигденски гнезда со чоколадни „Весели јајца“

Развеселете ја велигденската трпеза со воздушести гнезда со неодолива декорација и не само што ќе мамите насмевки, туку и ќе слушате „Мммм“ на секое залче.

Во основата стојат мини „Павлова“ колачи, а централна декорација се популарните „Весели јајца“ (Happy Eggs), па различните текстури ќе креираат слатка симфонија во вашата уста.

Велигденски гнезда Велигденски гнезда

Состојки

За гнездата

4 белки од јајца (на собна температура)
1 шолја шеќер во прав Витаминка
1 мала лажичка екстракт од ванила
2 мали лажички сок од лимон
прстофат сол

За декорација

„весели“ јајца од Витаминка
шлаг пена од Витаминка
чоколадни лушпи во боја
1 мала лажичка мармалад од праска од Витаминка
Велигденски гнезда

Подготовка на гнездата

  1. Загрејте ја рерната на 95°C и две тави обложете ги со хартија за печење.
  2. Белките од јајцата матете ги со миксер додека не се добие бела пена и кога ќе ја подигнете маталката на неа да се оформува мек „шпиц“ од пена.
  3. Започнете да го додавате шеќерот постепено – лажица по лажица за да му дадете доволно време за потполно да се стопи. Потоа додајте го сокот од лимон и екстрактот од ванила и матете дополнителни 2-3 минути за целосно да се инкорпорираат во смесата. Ќе знаете дека сте ја постигнале идеалната конзистентност ако кога ќе ја подигнете маталката врз неа е оформен цврст „шпиц“ и можете да го превртите садот наопаку без смесата да се помрдне од место.
  4. Со помош на готварски шприц оформете мини гнезда врз хартијата за печење (големината зависи од вашите преференции). Мал трик е да ставите од смесата на четирите агли на тавата под хартијата за таа да се залепи и да не се поместува при оформувањето на гнездата.
  5. Печете 1 и пол до 2 часа, а потоа исклучете ја рерната и оставете ги да оладат во неа. Многу е важно да се пече на ниска температура за да се зачува белата боја и колачите да добијат воздушеста структура и да бидат максимално суви однадвор. Влажноста на воздухот игра важна улога, па затоа може и да варира времето за печење.
Велигденски гнезда

Декорација на гнездата

Гнездата можете да ги декорирате на најразлични начини. Ние избравме да ги исполниме со чоколадни лушпи во различни бои и „Весели јајца“.

Чоколадните јајца можете да ги ставите во гнездата без воопшто да ги менувате. За да им дадеме поинтересен изглед, се обидовме да ја имитираме внатрешноста на вистинско јајце. Минимално ги издлабивме јајцата и во нив ставивме малку шлаг пена. „Жолчката“ ја создадовме со мала количина мармалад од праска.

Велигденски гнезда Велигденски гнезда

Забавни на изглед, а неодоливо слатки на вкус, овие гнезда ќе мамат погледи на велигденската трпеза.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.