Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Неодоливо вкусни колачи како снежни шишарки

Неодоливо вкусни колачи како снежни шишарки

За време на празничната сезона не мора да се заробувате во кујната со часови за да ги израдувате саканите со слатко задоволство во кое подеднакво уживаат сите генерации.

Крцкавите колачи со чоколаден корнфлекс се приготвуваат многу брзо, а уште побрзо исчезнуваат од чиниите. Во духот на претстојните празници тие можат да станат снежни шишарки кои ќе ја разубавуваат вашата трпеза.

Колачи како снежни шишарки

Состојки

400 гр.чоколаден корнфлекс (емби)
150 гр.шеќер
8 големи лажицимед
250 гр.маргарин (1 коцка)
100 гр.сусам
100 гр.чоколадо за готвење
1 голема лажицакакао

Подготовка

  1. Потпечете го сусамот и оставете го настрана.
  2. Во сад за варење ставете го маргаринот и растопете го на рингла на тивок оган. Потоа додајте ги медот, шеќерот, чоколадото за готвење и какаото. Мешајте додека не добиете хомогена смеса.
  3. Тргнете го садот од оган и измешајте ја смесата со чоколадниот корнфлекс и потпечениот сусам. Добро мешајте.
  4. Обликувајте ги шишарките со помош на обична цедалка за лимон. Наполнете ја внатрешноста на цедалката со готовата смеса. За да си го олесните вадењето на шишарките, обложете ја цедалката со најлонска фолија.
  5. Оформените колачи оставете ги во фрижидер за да се стврднат барем половина час.

Предлог декорација: Поросете ги колачите со кокос пред да ги ставите во фрижидер за да добиете вкусни снежни шишарки.

Колачи како снежни шишарки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.