Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Мафини од мини макарони на кои никој не може да им одолее

Мафини од мини макарони на кои никој не може да им одолее

Тестенините имаат моќ да ни ја разбудат кулинарската креативност како ретко која друга храна. Сите ги обожаваат, постојат илјадници варијации за подготовка, а секогаш оставаат простор и за кујнски експерименти.

Една од најпопуларните паста комбинации е макарони со сирење, а ние ви предлагаме да ја послужите во забавна форма - како мафини. Изненадете ги гостите на следната забава или вашите деца за вечера со вкусни мафини кои ќе се разграбаат подеднакво брзо како и од мали, така и од големи прсти.

Мафини од мини макарони

Состојки

За мафините

250 граматестенини полжави Zlato Polje
30 грамапутер
2 лажицибрашно
1 ½ шолјамлеко (375 милилитри)
1 шолјарендано чедар сирење
1 шолјарендан кашкавал по избор
1јајце
сол
црн пипер

За декорација

младо кромитче
пржена сланина
чедар сирење
Мафини од мини макарони Мафини од мини макарони Мафини од мини макарони

Подготовка

  1. Загрејте ја рерната на 200°C.
  2. Сварете ги тестенините во солена вода согласно инструкциите на пакетчето, а потоа исцедете ги. Штом минимално ќе оладат, во нив додајте го јајцето кое претходно малку ќе го изматите.
  3. Ставете го путерот во тава и растопете го на оган на средна температура. Додајте го брашното и добро промешајте.
  4. Бавно налевајте го млекото во тавата додека постојано ја мешате смесата. Зачинете со црн пипер и прстофат сол.
  5. Кога белата смеса ќе започне да крчка, исклучете го оганот и додајте ги чедарот и кашкавалот. Мешајте за да се растопат и да постигнете хомогеност.
  6. Додека смесата сè уште е топла и растеглива, додајте ја во сварените тестенини. Промешајте за да распределите рамномерно.
  7. Премачкајте го калапот за мафини со масло. Со лажица наполнете ја секоја вдлабнатина на калапот. Печете 15 минути, односно додека мафините не добијат златна боја. Оставете ги да оладат најмалку 10 минути пред да ги извадите од калапот. Наведените состојки се за 12 мафини со стандардна големина.
  8. За да го збогатите вкусот и изгледот на мафините, можете да декорирате со младо кромитче, исецкана пржена сланина, рендано сирење, лентички од чили пиперчиња и сл.
Мафини од мини макарони

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.