Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Маноло Бланик го сподели омилениот рецепт за празнични ѓумбир колачиња

Маноло Бланик го сподели омилениот рецепт за празнични ѓумбир колачиња

Маноло Бланик сака да ни ги разубави празниците и да ни ги разгали непцата со својот омилен рецепт за празнични колачиња.

Популарниот дизајнер за „Вог“ го сподели рецептот и порача: „Ова е многу лесен рецепт и се надевам дека ќе им донесе на сите малку радост во текот на празничниот период“.

Ѓумбир колачиња

Состојки

¾ шолја путер
1 шолја кафеав шеќер
2 шолји брашно
½ лажичка сол
2 лажички сода бикарбона
1 лажичка цимет
½ лажичка мелено каранфилче
½ лажичка ѓумбир
1 јајце
¼ шолја меласа
¼ шолја бел шеќер

Подготовка

1

Извадете ги јајцето и путерот од фрижидер околу еден час пред подготовката за да постигнат собна температура.

2

Со миксер матете ги путерот и кафеавиот шеќер додека да добиете мазна смеса.

3

Во друг сад, измешајте ги сите суви состојки.

4

Додајте ги јајцето и меласата во смесата со путер и кафеав шеќер. Откако добро ќе се соединат, додајте ги сувите состојки и продолжете со мешање за да добиете хомогена смеса.

5

Нацрпете со лажица од смесата и направете топче, а потоа протркалајте го во белиот шеќер.

6

Топчињата наредете ги во плех и ставете ги во фрижидер 30-45 минути. Печете 12-15 минути на температура од 180°C.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.