Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Летен овошен колач со праски

Летен овошен колач со праски

Овошниот колач со праски е совршен спој на меко тесто, богат крем и свежо овошје. Летото е сезона на праските, а ова е еден од најдобрите начини да ги искористите во неодолив и лесен десерт.

Состојки

2готови теста за колач или торта (пандишпан)
2 кесичкипудинг со вкус по избор
1lмлеко
4 големи лажицишеќер
200gшеќер во прав
2 големи лажицинишесте (густин)
½ коцкамаргарин
1 пакетчежелатин
3-4поголеми праски

Начин на подготовка

  1. Измешајте ја содржината од кесичките пудинг со 8 лажици ладно млеко, 4-6 лажици шеќер и 2 големи лажици нишесте. Промешајте за да добиете изедначена смеса без грутчиња. Остатокот од млекото сварете го и кога ќе зоврие, тргнете го од огнот. Во зовриеното млеко постепено додавајте ја смесата со прашокот за пудинг, а притоа постојано мешајте. Вратете ја добиената смеса на оган и со непрекинато мешање оставете ја уште еднаш кратко да зоврие. Оставете го пудингот добро да се олади.
  2. Во подлабок сад добро изматете половина коцка маргарин со 200g шеќер во прав. Откако ќе добиете изедначена смеса, додајте го пудингот и повторно матете за целата смеса добро да се соедини.
  3. Поставете ја првата кора пандишпан во соодветна чинија за послужување. Готовите теста за торти најчесто се суви, па затоа внимателно натопете го пандишпанот со неколку лажици млеко, кое претходно малку сте го затоплиле и засладиле по вкус.
  4. Премачкајте ја првата кора пандишпан со половина од кремот од пудинг. Поставете ја втората кора пандишпан и натопете ја со малку млеко, а потоа премачкајте ја со остатокот од кремот.
  5. Врз последниот слој крем наредете праски свежо исечени на резанки. Може да употребите и друго сезонско овошје како малини, капини или јагоди.
  6. Подгответе го желатинот според упатството на кесичката. Потоа со него внимателно посипете го колачот, започнувајќи од средниот дел и движејќи се кон краевите.
  7. Добро изладете го колачот пред да го послужите. За уште побогат вкус, сервирајте со топка сладолед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.