Почетна » Рецепти » Популарни јадења » Летен десерт без печење: Лимон чизкејк

Летен десерт без печење: Лимон чизкејк

Во пеколните летни денови кога ни на памет не ви паѓа да ја вклучите рерната, а сепак сакате да одушевите со спектакуларен десерт, најдобро кулинарско решение е чизкејк со лимон.

Балансираната комбинација од освежителен фил од лимон и слатка база од кекси ќе ве маѓепса од првото залче.

Лимон чизкејк

Состојки

За основата

250 грама кекс (2 пакетчиња интегрален кекс Despina)
100 грама путер
прстофат сол

За кремот со лимон

400 гр крем сирење
50 гр шеќер во прав Витаминка
1 конзерва засладено кондензирано млеко
100 мл сок од лимон
200 мл слатка павлака

За преливот

4 жолчки
180 гр шеќер во прав Витаминка
100 гр путер
100 мл сок од лимон
1 лажица рендана кора од лимон
Лимон чизкејк Лимон чизкејк

Подготовка

  1. За да ја подготвите основата, иситнете ги кексите во блендер. Додајте 100 грама растопен путер и прстофат сол. Промешајте со лажица.
  2. Смесата префрлете ја во калап со обрач кој се вади. Разнесете ја рамномерно по дното и со помош на рацете или помагало со рамно дно натапкајте ја. Ставете ја во фрижидер да се зацврсти.
  3. За да го подготвите филот, во длабок сад ставете го крем сирењето и кондензираното млеко и измешајте ги со миксер. Додајте го лимонот и повторно миксирајте за да добиете хомогена смеса.
  4. Во одделен сад изматете ја слатката павлака за да добиете густа пена.
  5. Малку по малку од пената додавајте во смесата и со лажица бавно соединувајте ги. Не мешајте агресивно за да ја задржите воздушестата структура.
  6. Извадете ја основата од кекс од фрижидерот и над неа рамномерно нанесете го филот. Измазнете ја површината и повторно ставете го калапот во фрижидерот.
  7. За финалниот слој, во тенџере измешајте ги сите состојки за преливот (путерот е пожелно да биде растопен). Ставете го тенџерето на многу тивок оган и мешајте со маталка. Гответе на ниска до средна температура околу 10-15 минути, а притоа постојано мешајте. Ќе знаете дека е готово кога смесата ќе започне да се згуснува. Откако ќе ја тргнете од оган, исцедете го преливот преку цедалка за да добиете максимално мазен финиш.
  8. Минимално оладете го добиениот жолт прелив и пред да започне премногу да се згустува, прелијте го врз чизкејкот.
  9. Оставете го десертот да се лади најмалку 4-5 часа пред консумирање. Служете го ладен.
  10. За декорација користете шлаг пена, тенки парчиња лимон, рендана кора од цитрусни овошја, боровинки или какво и да било сезонско овошје.
Лимон чизкејк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10273 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.